
Принцезата Кејт Мидлтон заврши со хемотерапија: Големо олеснување
Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, денеска изјави дека завршила со хемотерапија и е фокусирана на тоа „да остане здрава“. Принцезата, сопругата на принцот Вилијам, на почетокот на годинава откри дека се лекува од рак и дека почнала со „превентивна хемотерапија“, пишува Политико. Британското кралско семејство не ја откри причината за ракот.