Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Прилепските пекарници не испорачуваат леб, чекаат решение, реагираат производителите на пченица
Македонија

Прилепските пекарници не испорачуваат леб, чекаат решение, реагираат производителите на пченица

02/03/2023

AA

Втор ден нема испорака на леб во прилепските маркети и продавници и граѓаните се снаоѓаат како знаат и умеат. Прилепските пекарници ситуацијата ја оценуваат како „статус кво“. Леб по 33 денари продаваат само во нивни продавници, за испорака и дистрибуција не им се исплаќа. За производителите на пченица нема оправдување што трпат граѓаните.

Александар Ристески, сопственик на пекарница вели дека од денеска продаваат леб по 33 денари само во четирите нивни продавници и не им е исплатливо да дистрибуираат во маркетите или надвор од градот зашто трошоците им биле големи.

-Во моментов, од денска во четирите наши продавници продаваме леб по 33 денари, но не ни се исплаќа да дистрибуираме во маркетите или надвор од градот. Портади трошоците на бензин, амортизација, нема да испорачуваме по продавниците и маркетите. Треба да се договориме сите производители, фурнаџии. Реално, со 33 денари продажна цена не може да опстанеме. На секоја продавница минимум треба да и дадеме 3 денари, а посебен торшок е за рафтовите, посебно за рабат. Моментално, ситуацијата е статус кво. Мислам дека додека не се реши оваа ситуација нема да се произведува леб како претходно. Имаме одредени најави дека попладнето поголемите производители ќе имаат средба со владата, па чекаме што ќе биде, вели Ристески.

И Владимир Апостолоски, сопственик на пекарница, ги нагласува големите трошоци. Леб по 33 денари може да им продаваат на муштериите од „шалтер“, ама не и да дистрибуираат. Доколку се договорат сите би почнале иако останува неисплатливо.

– Поголемите производители кои работат на струја и на нафта треба да се договорат со владата и ќе не известат како понатаму. Јас сигурно нема да дистрибуирам леб надвор од градов, неисплатливо ми е, а за во градов, ако се договориме, уште од утре би почнал со работа. Не ми е исплатливо по 33 денари, ама само леб продавам и треба да работам. Нема да носам по маркетите, ама ќе работам само од шалтер за муштериите, објаснува Владимир Апостолоски.

За граѓаните останува несфатливо да нема леб на рафтовите и сметаат дека одлуката за 33 денари не ги ошптетува производителите.

Реагираат од Асоцијацијата на земјоделци на Македонија во името на производителите на пченица. Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата вели дека нема оправдување состојбата со основниот прехранбен продукт да се решава преку „грбот“ на граѓаните. Смета дека пекарниците не се во загуби со цена од 33 денари, иако ќе имаат помал профит.

– Со години кажуваме дека имаме висока цена на лебот. Тоа со оваа ситуација се потврди. Мерката со замрзнувањето на цената на лебот иако е задоцнета, но е секако добредојдена. Откупната цена на пченицата помножена со продажната цена на брашното или на лебот не соодветствува на реалноста. Според нашите согледувања производителите на леб имаат многу поголем профит. Сега им паѓа тешко во оваа ситуација со замрзнување на цената на лебот. Оправдување нема на постапката на пекарите што го оставија народот без леб. Луѓето ќе се снајдат, но ова не е во ред. Ако производителите работат за да го снабдуваат населението со леб, тоа треба да го остварат. Особено во вакви моменти кога велат им е тешко. Затоа се разговорите и преговорите со државата, со министерствата. Но не да се бараат решенија преку „грбот“ на граѓаните. Цената од 33 денари е реална, дури мислам дека сѐ уште е висока, вели Стојкоски кој напоменува дека производството на пченица се зголемува.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy