
Прилепчанец фатен со 32,5 килограми марихуана на патот Битола–Прилеп
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против 37-годишниот И.А. од Прилеп, осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При полициска контрола извршена на 3 септември 2025 година на магистралниот пат Битола–Прилеп, во возило „Фолксваген Голф“ управувано од пријавениот биле пронајдени и одземени 32,5 килограми марихуана.
Според сознанијата, марихуаната требало да биде транспортирана кон границата со Република Грција.
