Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРИХОДИ ОД ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА И ЧИСТ ПРОФИТ ОД 13 МИЛИОНИ ЕВРА – еве како намалената продажба на гас и млазно гориво ја „чепнаа“ добивката на „Макпетрол“
Економија

ПРИХОДИ ОД ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА И ЧИСТ ПРОФИТ ОД 13 МИЛИОНИ ЕВРА – еве како намалената продажба на гас и млазно гориво ја „чепнаа“ добивката на „Макпетрол“

01/04/2024

AA

Добивката е можеби намалена, но имаше и зошто, и таа сепак се доближува до
13 милиони евра, што е финансиски резултат за респект.

Домашниот нафтен гигант „Макпетрол“ го објави консолидираниот Биланс на
успех за минатата година, заедно со образложението во кое детално опишува за
предизвиците со кои компанијата се соочила во минатата година, но и за тоа дека
снабдувањето на домашниот пазар со деривати и природен гас остана стабилно, а
финансиките резултати сепак се моќни.

Нето добивка од 12,77 милиони евра е финансискиот резултат со кој нафтената
компанија ја заврши 2023 година. Ако се направи споредба со претходната 2022
година, ова значи намалување за 19 проценти.

Намалената продажба на природен гас и млазно гориво се дел од причините кои
доведоа до нешто помалиот финансиски резултат, а еве како тоа го објаснуваат од
менаџментот на компанијата.

„Во
текот на 2023 година, опкружувањето во кое работеше Групата сеуште беше
нарушено и тоа во најголем дел поради воениот конфликт меѓу Русија и Украина,
кој има силно влијание на цените на енергенсите на светските берзи. Исто така,
во 2023 година дојде до воени судири на Блискиот Исток во појасот Газа, меѓу
Израел и Хамас, со што мирот и безбедноста во светот
дополнително беа загрозени. Економската криза во светската економија продолжи и
во 2023 година, иако цените на енергенсите, храната, металите и другите стоки
значително се намалија на светските берзи во споредба со 2022 година.
Економскиот раст беше бавен, а каматните стапки и инфлацијата останаа на високо
ниво. Со цел намалување и контрола на домашната инфлација Народната Банка во 2023
година во повеќе наврати ги зголеми референтните
каматни стапки. Продолжувањето на воените конфликти, намалувањето на цените на
енергенсите, монетарните мерки и високата инфлација, неминовно влијаеа и врз
работењето на Макпетрол и подружниците. Но, како резултат на посветеноста и
ангажираноста на раководството,
во текот на 2023 година Групата обезбеди непрекинато снабдување на македонскиот
пазар со нафтени деривати и природен гас, иако се справуваше со локална и
светска неизвесност. И покрај сите предизвици, во текот на 2023 година, Макпетрол
и подружниците остварија позитивни резултати, иако консолидираните приходи и
добивка забележаа пад“, се вели во
образложението од компанијата.

Со својот биланс на успех „Макпетрол“ покажа дека е компанија која може и умее да направи приход од половина милијарда
евра. Или прецизно, приходите на ова АД во 2023 година иузнесувале 495
милиони евра, иако кај нив има намалување за 19 проценти.

Или, бројките од Билансот на успех говорат дека приходите од продажба се
491,4 милиони евра, а оние остварени на домашниот пазар го сочинуваат
најголемиот дел, или 479 милиони евра, што е помалку за 17 отсто во односн на
претходната година.

Од странство, пак, се наплатени приходи од само околу 13 милиони евра, и
тоа е позначаен пад, за 63 отсто.

„Падот
на консолидираните приходи, споредбено со минатата година, во најголем дел се
должи на намалените приходи на големо за 56,78 отсто. Главни
причини за намалување на приходите на големо се падот на продажбата на природен
гас од 37,1 отсто, како
и падот на продажбата на млазно гориво од 51,92 отсто. Во 2023 година, при неповолни економски
услови, Групата како лидер на малопродажниот пазар го зголеми количествениот промет со
нафтени деривати на мало за 6,47 отсто.
Групата го прошири малопродажниот асортиман кој се нуди на бензинските станици,
а прометот со него се
зголеми за 15,13 отсто. Но
и покрај зголемувањето на количествениот промет, приходите на мало бележат пад
од 5,99 отсто, како
резултат на намалувањето на цените на нафтените деривати на светските берзи,
кои како набавни цени зафаќаат најголем дел од малопродажната цена на
дериватите“, се вели во
образложението.

Од Билансот на успех се гледа дека расходите биле 483 милиони евра, а од
нив најголем дел е за набавна вредност на трговски стоки и тоа 428 милиони
евра.

За трошоци за вработените компанијата платила 30 милиони евра, што е раст
за 19 проценти.

„Дополнително,
позначајно зголемување постои и кај трошокот за плати, кој е зголемен како
резултат на зголемувањето на платите на вработените, со цел реалната вредност
на платата да не се намали во услови на двоцифрена инфлација“, се вели во образложението.

Или, како што велат од „Макпетрол“, како резултат на остварените
приходи и расходи, на крајот на годината, Групата оствари позитивни
консолидирани финансиски резултати, а кон
тоа придонеле сите друштва
од Групата, со исклучок на Телевизија Макпетрол Телма, која оствари загуба.

„Со
оглед на главните движења презентирани погоре, може да се заклучи дека Групата
работи рентабилно и управува оптимално со расположливите ресурси…. И покрај сите предизвици со кои се соочи
Групата во текот на кризните години, во 2023 година се зголеми вкупниот број на
вработени“, нагласуваат од
компанијата.  

Лани Групата реализирала
значајни вложувања, со цел унапредување на своето работење и одржување на
конкурентноста, а најзначајни се
вложените близу шест милиони евра, како во реконструкција, така и во
изградба на нови малопродажни и големопродажни објекти.  

„Консолидирана
добивка по оданочување од 785,24 милиони денариа е помала од планираната.
Главната причина поради која не е достигнат Планот за работење на Групата за
2023 година е намалениот количествен промет со природен гас и млазно гориво.
Дополнително во текот на годината зголемувањето кај дел од оперативните трошоци
беше поголемо од очекуваното, поради силниот раст на малопродажбата која ги
надмина проекциите за 2023 година. Со мерките кои што ги презема Раководството
на Групата не се предизвика потреба од отпуштање на вработени. Очекувањата за
деловната 2024 година се во согласност со Планот за работење на Групата“, се вели на крајот во образложението од компанијата.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето

12/02/2026
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА ГО СЛЕДЕЛЕ Петрушевски има 3

13/02/2026

Наместо да објасни зошто по скандалот со запленетата марихуана заминал во Грција на „консултации” кај неговиот ментор Заев, лидерот на

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани менторот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

13/02/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче да каже зошто со неговиот претходник Зоран Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ СЛУЖБИТЕ Филипче има идеја како

12/02/2026

  Лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Канал 5 вели дека нема комуникација ниту координација со претседателот на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy