
Реал не греши: Родриго со два гола ја задржа убедливата предност пред Барса (ВИДЕО)
Херој во таборот на „кралевите“ беше Бразилецот Родриго, кој ги постигна двата гола, по еден во обете полувремиња. Првиот го реализира уште во осмата минута по асистенција на Дијаз, а вториот во 73. минута по додавање на Белингам.
Реал Мадрид сега има 75 бодови, додека Каталонците се на 67. Тимот од Билбао, пак, останува на четвртото место, последно кое води во Лигата на шампионите, со 56 бодови.