Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Причината за автобуската несреќа кај Ласкарци не е од машинска природа
Магазин

Причината за автобуската несреќа кај Ласкарци не е од машинска природа

25/04/2023

AA

Причината за автобуската несреќа не е од машинска природа, изјави вештото лица Дамјан Мирчевски, дел од тимот што го изготви машинското супервештачење за автобуската несреќа кај Ласкарци, кој денеска во Основниот кривичен суд Скопје беше испитуван од страна на одбраната.

Прашан дали доколку имало предхавариско кочење, тоа би оставило траги на асфалтот, тој одговори дека не би се согласил дека за да се избегне случената сообраќајна незгода, единствена можност било предхаварско кочење.

– Не сметам дека со кочење од било каков тип би била спречена особраќајната несреќа, туку со исправен систем на управување, автобусот може соодветно да се управува, рече тој.

Прашан дали кој било од возачите на овој автобус реагирал на неисправноста на кочниците, одговори дека, како што рече „од она што го анализиравме, таков податок нема“.

Потоа вештото лице го испитуваа во врска со состојбата на патот по кој се движел автобусот како и важноста на периодичниот технички преглед.

На прашање од јавниот обвинител, „се согласувате ли со мене дека 16 дена возење на нерегистиран автобус е околност која укажува каков бил односот не превозникот кон обврските што ги има кон сообраќајот“, одговорот на вештото лице беше „ние не сме вршеле ревизија на работата на превозникот, ниту пак сме инспекциско тело кое што има овластувања да ја контролира работата на која било фирма“.

Прашања до вештото лице постави и Судот кој праша во врска со индикаторите на контролната табла кои биле прелепени, на што вештото лице одговори дека во моментот на увид немало прелепување и посочи дека тоа е можеби резултат на долгиот временски пеирод и променливите временски услови на кои бил изложен автобусот.

Со испитувањето на ова вешто лице заврши испитувањето на тимот што го изготви машинското супервештачење, а судењето продолжува на 4 мај со испитување на тимот кој го изготви сообраќајното супервештачење.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето и тоа сѐ уште трае.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 а во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ЈАВНИТЕ УСЛУГИ И ДОКУМЕНТИ ДИРЕКТНО ВО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН Апликацијата

28/10/2026
Македонија

СТУДЕНТИТЕ ДА НЕ СЕ КАЧУВААТ ПО РАДИЈАТОРИ И ДА ГИ

28/10/2026
Македонија

СО АПЛИКАЦИЈАТА М.УСЛУГИ ДО ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ И ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ Личен

28/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО СКОПЈЕ Тројца се

28/10/2026
Македонија

КОРУПЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ АНОНИМНО И

28/10/2026
Македонија

ОТКАЖЕТЕ ГО ТЕРМИНОТ АКО НЕ ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРАТЕ ПРОТИВ

28/10/2026
Македонија

ПИЈАН ТЕТОВЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВНА НАСОКА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-ТЕТОВО Приведен

28/10/2026
Македонија

ЗЕТ НА ЗАЕВ ДОБИ КРИВИЧНА ЗА КОРНИШОНИТЕ Намерно предизвикал стечај

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46408
  • Регион 3999
  • Свет 17
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ЈАВНИТЕ УСЛУГИ И ДОКУМЕНТИ ДИРЕКТНО ВО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН Апликацијата м.Услуги нуди едноставен пристап на

28/10/2026

Министерството за дигитална трансформација денеска официјално ја лансираше мобилната апликација m.Uslugi, новиот мобилен пристап до дигиталните јавни услуги и електронските

СТУДЕНТИТЕ ДА НЕ СЕ КАЧУВААТ ПО РАДИЈАТОРИ И ДА ГИ ЧУВААТ ДОМОВИТЕ Јаневска понуди ваучерски

28/10/2026

Министерката за образование и наука Весна Јаневска е уверена дека наскоро ќе се најде решение за студентскиот оброк. Продолжуваат разговорите

СО АПЛИКАЦИЈАТА М.УСЛУГИ ДО ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ И ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ Личен документ на мобилен телефон и

28/10/2026

Пред една година на Дигиталниот самит на Западен Балкан во Скопје кажав дека сакам да дојде време кога граѓанинот нема

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy