Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Светска банка  нема одговор зошто цените се скапи во Македонија: Несовршена конкуренција со високи профитни маржи
Економија

Светска банка нема одговор зошто цените се скапи во Македонија: Несовршена конкуренција со високи профитни маржи

25/04/2023

AA

Во Македонија владеат услови на несовршена конкуренција и поради тоа профитните маржи се високи и тоа предизвикува високи цени на производите и услугите, кои се скапи за граѓаните во Македонија.

Ова денеска го констатира Сања Маџаревиќ–Шујстер, виш економист во Светска банка за Западен Балкан, според која државните интервенции со контрола на цените на долг рок е неодржливо и тоа ќе предизвика недостиг на продукти. Таа денеска во Скопје го претстави најновиот Редовен економски извештај за Западен Балкан

-Јас лично не поддржувам контроли врз цените, меѓутоа ако погледнеме истражувања за земји-членки на ЕУ и ако ги разгледаме маржите во Македонија, ова што се случи изминативе години поради несовршената конкуренција видовме големи зголемувања на маржите, односно профитите кои што не можат да се објаснат или да се оправдаат со било што се случува на пазарите во моментов, освен со монополистичка или олигополистичка позиција, односно фалинки на пазарот кои што им одат во прилог на мал број од учесниците на пазарот, а одат на штета на голем дел од населението а најмногу најранливите сегменти од населението, рече Маџаревиќ–Шујстер.

Како одговор на кризата, Владата треба да возврати со изгласување на Законот за солидарен данок што ќе важи за фирми со несразмерно зголемени добивки, односно профити во изминатите години.

-Мислам дека слични мерки се предложени од страна на вашата Влада и Собранието и тоа е краткорочен одговор за овие зголемувања на цените со цел да се поттикне повеќе конкуренција, подобра конкуренција не само овде туку и на ниво на ЕУ се забележува слични услови, односно нецелосно функционирање или нефункционирање на пазарите, рече Маџаревиќ – Шујстер.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека

14/08/2026
Македонија

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа

14/08/2026
Македонија

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово

14/08/2026
Македонија

Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група

14/08/2026
Македонија

Меѓународна полициска акција во Македонија, Косово и Грција: Запленети 300

14/08/2026
Македонија

Заштитете ги пчелите: Во вторник терестричната дезинсекција против ларви во

14/08/2026
Македонија

Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната

14/08/2026
Македонија

Трагедија на патот Струмица – ГП Ново Село: Пијан возач

14/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45028
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека избола човек со нож

14/08/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.С.(18) од с.Лески, виничко, поради постоење основи на сомнение за

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа ја превртела количката со се

14/08/2026

СВР Тетово поднесe кривична пријава против В.М.(42) од Прилеп и Б.С.(37) од село во општина Желино поради постоење основи на

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово се борат со огнената стихија

14/08/2026

Пожар од поголеми размери попладнево избувна над скопското село Бојане. Според првичните информации, огнот се шири од правецот на општина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy