Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Преживеани од пожар во дискотека во Шведска што се случи пред 27 години, дојдоа во Кочани да им помогнат на семејствата
Македонија

Преживеани од пожар во дискотека во Шведска што се случи пред 27 години, дојдоа во Кочани да им помогнат на семејствата

16/06/2025

AA

Точно три месеци поминаа од катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 62 лица, а над 200 беа повредени. Градот Кочани и целиот регион сè уште се соочуваат со колективната траума и болката по загубата на младите животи.

Во знак на солидарност и поддршка, делегација од шведскиот град Гетеборг, каде во 1998 година во слична трагедија загинаа 63 млади лица, во наредните три дена ќе престојува во Кочани. Шведските претставници ќе споделат искуства, пристапи и методи за полесно справување со последиците од ваквите настани.

„Времето не можеме да го вратиме, ниту пак да ја избришеме болката, но можеме да понудиме модули и поддршка што ќе помогнат раните да заздрават побрзо“, порача амбасадорката Ларсон Џаин. Таа изрази длабоко сочувство со граѓаните на Кочани и ги пофали напорите на сите што помогнаа веднаш по несреќата – од здравствените работници до обични граѓани кои давале сè од себе за да ги спасат и згрижат повредените.

Психолозите и локалната самоуправа истакнаа дека секоја форма на поддршка е значајна – не само за семејствата на жртвите и повредените, туку и за целата заедница која се обидува да се опорави од трагедијата.

Седумчлената шведска делегација е составена од социјални работници, пожарникари и преживеани од пожарот во Гетеборг. Тие ќе одржат низа панел-дискусии, средби и разговори со засегнатите семејства, со цел да понудат искуствена поддршка и практични совети за справување со траумата.

Во меѓувреме, денеска пристигна и специјалната компресивна облека за лицата со тешки изгореници, набавена преку донации од организацијата „Сапорт Кочани“. Облеката ќе биде доставена до болницата, каде што ќе им помогне на повредените во процесот на рехабилитација.

Кочани продолжува да живее со болката, но и со желбата да најде начин за заздравување и обнова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy