Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАСИИ ЌЕ ИСПРАТИ ПИСМА ДО БАНКИТЕ ЗА ДА ГО ФИНАСИРААТ КОРИДОРОТ 10: До 30 јуни ќе треба да се достават понудите
Економија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАСИИ ЌЕ ИСПРАТИ ПИСМА ДО БАНКИТЕ ЗА ДА ГО ФИНАСИРААТ КОРИДОРОТ 10: До 30 јуни ќе треба да се достават понудите

16/06/2025

AA

Министерството за финансии најдоцна до крајот на утрешниот
ден ќе пушти писма до банките кои би доставиле понуди за финансирање на
проектот за брзата пруга од Коридорот 10. Како што изјави денеска министерката
за финансии Гордана Димитриоска Кочоска, крајниот рок до кога банките би ги
поднесувале понудите се уште не е дефиниран.

На новинарска констатација дека се уште нема проект за
брзата пруга врз основа на кој би се барале пари, Димитриоска Кочоска напомена
дека таа можеби има „некакви информации“. Притоа, ги упати медиумите детали за
тоа дали има проект или не, да прашаат во Министерството за транспорт.

-Во каква форма и што значи да се има проект е нешто што
мислам дека треба да го прашате Министерството за транспорт. Вие велите немаме
проект, но јас имам некакви информации. Ве молам прашајте во Министерството за
транспорт, јас не сум министерот што го прави проектот. На Влада сум добила
информации, ме задолжиле, сме ги кажале своите видувања по однос на
Информацијата што сме ја добиле и не задолжиле да си продолжиме постапка во
прибирање податоци. Имаше премногу шпекулации периодов и мислам дека треба од
Министерството точно да ви одговорат да или не – какви податоци има, зашто штом
Информација дошла на Влада, значи внатре ставиле податоци,  подвлече Димитриоска Кочоска.

Во врска со крајниот рок за понудите, потенцира, треба прво
да се види колку банки се.

-Треба да видиме колку банки се, за да видиме колку време ќе
ни треба и нам и ним, мислам дека до 30 јуни ќе треба да се достават понудите,
но почекајте да го пуштиме писмото и ќе информираме кога ќе биде крајниот рок
за понудите. Владата не задолжи во рок од пет дена да доставиме понуди, а ние
го внесуваме рокот врз основа на документите. Можеби ќе треба и нешто да се
продолжи ако банките бараат дополнителни податоци. Во писмото се наведуваат
контакт лица од Министерствопто за финансии (МФ), но и од одговорните
институции зашто МФ не е тоа што одговара за детали од проектот што треба да се
финансира. Станува збор за 1,91 милијарда евра кои ќе бидат побарани како
понуда од една поголема листа на банки, вклучувајќи ги и оние со кои имаме постојана
соработка како Светска банка, ЕБРД и ЕБОР. Ќе бидете информирани навреме како
што ќе стигнуваат понудите – што ќе има внатре. Задолжени сме во рок од пет
работни дена да ги доставиме писмата. Штом бидат доставени ќе добиете
информации буклвално за секоја понуда. Да нема дилема, ќе бидеме максимално
транспарентни какво што било секогаш Министерството за финансии, објасни
министерката.

фото: МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy