Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Презентиран научниот труд „Студија на настан за реакцијата на балканските берзи на конфликтот меѓу Русија и Украина“
Економија

Презентиран научниот труд „Студија на настан за реакцијата на балканските берзи на конфликтот меѓу Русија и Украина“

17/06/2023

AA

Во Народната банка се одржа 47. сесија на Клубот на истражувачите на која беше презентиран научниот труд „Студија на настан за реакцијата на балканските берзи на конфликтот меѓу Русија и Украина“ од авторите Горан Мојаноски и Весна Буцевска.

Сесијата ја отвори вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, која посочи дека презентираниот труд е особено значаен, бидејќи се осврнува на геополитичка тема којашто е моментално релевантна како за домашната економија, така и за економиите во регионот.

Целта на трудот „Студија на настан за реакцијата на балканските берзи на конфликтот меѓу Русија и Украина“ е да се испита реакцијата на берзите во Југоисточна Европа од вооружениот конфликт. Со помош на примерок од седум берзански индекси, методологијата за студија на настан се применува за да се испита влијанието на конфликтот меѓу две европски земји врз берзанските индекси на пазарите во развој во Југоисточна Европа. Резултатите покажуваат дека почетокот на конфликтот кон крајот на февруари придонесол за значителна корекција на цените и берзите во анализираните земји станаа максимално променливи и подложни на лесни и брзи промени на дневно ниво. Со помош на наодите се истражува економското влијание на вооружениот конфликт, преку обезбедување емпириски докази дека конфликтот меѓу двете европски земји, коишто не се членки на Европската Унија, придонесува за прелевање на ефектите врз берзите на други европски земји (и на оние коишто се и на оние коишто не се членки на Европската Унија). Овие наоди имаат големо влијание за диверзификација на портфолиото и можат да помогнат при одлуката за распределба на средствата на инвестициските менаџери.

По презентацијата, на сесијата се разви дискусија меѓу учесниците поттикната од презентацијата на трудот и од изнесените заклучоци. Следната сесија на Клубот на истражувачите е планирана за во септември.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите

27/09/2026
Македонија

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на

27/09/2026
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45836
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите ќе растат

27/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во понеделник, а температурите во текот на денот ќе се движат од

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на ДУИ доби многу непријатно прашање

27/09/2026

Дали Али Ахмети сведочел против Ослободителната војска на Косово во Хаг и дали неговиот исказ имал каква било улога во

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy