
Превртена приколка од камион на патот Валандово-Демир Капија, сообраќајот во целосен прекин
Од 07:20 часот на Р 1102 Валандово – Демир Капија кај м.в.Јаворица, сообраќајот е во прекин во двата правци поради превртена приколка од камион.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
