Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ќе стане ли добар бизнис носењето работници од Азија во Македонија?
Економија

Ќе стане ли добар бизнис носењето работници од Азија во Македонија?

27/11/2023

AA

Агенции веќе некое време се приспособуваат на новите околности на пазарот на труд во Македонија и целат кон тоа преку посредување да донесат што е можно повеќе работници од Далечниот Исток, иако не може да се каже дека се којзнае колку етаблирани, бидејќи оваа дејност сеуште е во развој.

Благој Мејанџиев, бизнисмен од Велес и машински инжинер, се обидува да фати чекор со времето и веќе нашол партнер во романската Лумо ХР од Сибиу, познат вработувач на работници од источна Азија во регионот. Заеднички ја основал Лумо ХРМК во Велес со цел да има поголеми шанси за успех.

– Во Македонија веќе има неколку вакви агенции кои посредуваат во доведувањето на странски работници, а ние ќе работиме со тие од Шри Ланка и Непал. Тоа се квалификувани работници меѓу кои има управувачи на машини и заварувачи. Такви се бараат во индустриските зони, кај градежните компании и во текстилната индустрија. Но допрва ќе следува многу работа во правните процедури, иако веќе ме прашуваат овдешните компании кога ќе дојдат првите работници. Името на партнерот ќе помогне полесно да се стекнеме со доверба кај клиентите, иако може да се каже дека по ова прашање сеуште се гледа со несигурност во нашата земја, вели Мејанџиев.

Работниците од овој дел од светот, како што вели тој, се познати по нивната работна етика, квалификувани вештини и прилагодливост на работните услови. Тој смета дека и приширената квота за вработување странци во земјата остава простор за успех во оваа дејност.

– Тоа се задоволни работници и ние ќе треба да ги убедиме клиентите дека тие сакаат да останат тука, за овдешните плати, а не да бегаат или да го злоупотребуваат системот. Тие се луѓе на кои нивните земји свесно им помагаат во квалификувањето само да се спасат од сиромаштија. Треба да бидеме реални дека ние овде имаме работници од Турција и Кина, но тие бараат поголеми плати за да дојдат, тврди Мејанџиев.

Владата со одлука минатата година ја зголеми квотата на странци кои можат да бидат работно ангажирани на територија на Македонија на 5000 работни ангажмани, а веќе оваа квотата се зголеми на околу 8.000 на барање на стопанските комори и странските инвеститори. Како противтежа на ова е стравот дека отворањето на пазарот на труд во нашата земја ќе овозможи домашните работни места да бидат „заземени“ од странци.

– Во иднина тоа ќе се разработува. Ќе се отвораат такви агенции, но тоа засега е во зародиш. Бугарскиот кластер има дури и свој конзул кој контактира со државната агенција за вработување во Непал. Најголем проблем е тоа што сега имаме строг Закон од некое друго време. Ние поднесовме иницијатива за законски измени со кои треба да се тргне бирократијата и комплицираните процедури. Тоа е основен предуслов, вели Ангел Димитров, претседателот на Здружението на текстилна индустрија и конфекција.

Најчесто обид за бизнис во доведување на странски работници се македонски државјани кои се повратници од странство и ги задржале своите контакти, а со Отворен Балкан може полесно да се носат работници од Азија и преку српски агенции. Според последните бројки кои ги објави Агенцијата за вработување, само десетици работници од земји како Индија, Бангладеш и Пакистан дошле да работат во Македонија.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи претходно рече дека „увозот“ на работна сила не е ништо ново и е процес кој одамна постои, само што сега за него се зборува отворено и дека тоа е пракса во сите земји.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Апелација ја потврди 12-годишната затворска казна за Стојанче Јовановски

04/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Падот на рударството е предупредување –

04/07/2026
Македонија

Сончево со умерена облачност, од вторник зголемен ризик од пороен

04/07/2026
Македонија

Македонската индустрија останува без работници – кој ќе работи во

04/07/2026
Македонија

За една година никнале 911 дивоградби – дали државата ја

04/07/2026
Македонија

Драматично попладне во Штип: Огнот евакуираше фабрика, изгоре фотоволтаична централа

03/07/2026
Македонија

Борба со огнената стихија во Пробиштипско: Со механизација се спречува

03/07/2026
Македонија

Жолт метеоаларм: Невреме со грмежи и пороен дожд во три

03/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44155
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Апелација ја потврди 12-годишната затворска казна за Стојанче Јовановски

04/07/2026

Апелацискиот суд во Скопје донесе правосилна одлука со која ја потврди затворската казна од 12 години изречена за Стојанче Јовановски,

„И Здравје и Работа“: Падот на рударството е предупредување – на Македонија ѝ се потребни

04/07/2026

Последните статистички податоци уште еднаш потврдуваат дека Македонија не смее повеќе да ја одложува дебатата за развојот на рударството и

Сончево со умерена облачност, од вторник зголемен ризик од пороен дожд и грмежи

04/07/2026

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy