
Превез од мистерија за убиството на „Оки“, македонската полиција тешко дека ќе извлече нешто од најавата за егзекуција на тик-ток
Превез на мистерија го опкружува убиството на скопскиот бизнисмен Оки на Халкидики, кое се чини дека било „договор на смртта“.
„Договор на смртта“ меѓу две ривалски банди
Од досега достапните информации, во јавноста се формира слика дека станува збор за крвна одмазда меѓу две ривалски банди кои дејствуваат во Скопје. Како што веќе објавивме, на Тик-Ток обиството на Орхан Бајрами-Оки во Ханиоти било најавено. На друштвената мрежа на профилот се објавувале такви најави и претходно. А истата фотографија само се ажурирала, па така жртвите од „наскоро“ добивале само „X“.
- ФОТО Убиството на Орхан Бајрами-Оки најавено на Тик-Ток уште вчера, денеска има нова најава!
- Избришан тик-ток профилот каде вчера беше најавено убиството на Орхан Бајрами-Оки
Според извештаите, 39-годишната жртва знаела дека е под закана и побарал засолниште во Грција. Требало денеска да се „одјави“ од изнајмената вила, но нејасно било кон каде ќе се упати. Што се однесува до 45-годишниот, тој останува хоспитализиран надвор од животна опасност по раните на раката од куршумите, за кои полициските извештаи велат дека биле над 20.
Биле во дворот на изнајмената вила
Триесет и деветгодишниот бизнисмен во саботата рано наутро беше егзекутиран од лица со качулка со 19 куршуми во вилата што ја изнајмил во Ханиоти, Халкидики, а полесно е повреден и 42-годишен негов соработник.
Грчките власти за инцидентот ги известиле жители кои ги слушнале истрелите и повикале на „112“. Настраданиот седел со своето друштво во дворот на викендица во областа Ханиоти, кога ненадејно во 3 часот и 30 минути ноќта се појавиле 2 лица на мотор и отвориле оган кон него. Од испуканите 19 куршуми, 39-годишникот е смртно ранет. Исто така, повреден е и неговиот 45-годишен пријател, кој надвор од животна опасност се лекува во болница.
Двете жени, гледајќи ја сцената, почнале да викаат, додека заедно со третото лице ги однеле двајцата застрелани во Здравствениот дом Касандра. Кога пристигнале првите полицајци, повредените веќе биле пренесени во Здравствениот дом.
Предвидување на смртта
Уште во петокот, убиството на 39 годишниот скопјанец било најавено на Тик-ток. Поточно, беше објавена фотографија со 39-годишникот, на која е напишана пораката „наскоро“, додека луѓето од десно и лево имаат црвен х.
МВР и Тик-ток
Од МВР велат дека воспоставувањето на комуникација со мрежата „Тик – Ток“ не е едноставна за да се извлечат информации за тоа кој би можел да го отвори профилот. „Централата на Тик Ток се наоѓа во Сингапур, а комуникацијата оди преку меѓународна правна помош што треба да ја покрене Јавното обвинителство со барање кај Министерство за правда“, велат од МВР за вестите на Канал 5.
„Се криеше во Грција“
Извештаите говорат дека со месеци во Скопје беснее војна меѓу криминалните групи на подземјето во Скопје, при што групата на Оки е цел на ривалска мафијашка група. Всушност, како што тврдат, 39-годишниот всушност се криел во Грција знаејќи дека тој е следната цел.
Истрагата за откривање на сторителите е во тек. Но, се претпоставува дека веднаш по убиствениот напад ја минале границата кон Скопје, каде што се известени локалните власти.
„Тој се спаси во март“
Вреди да се спомене дека, во контекст на ривалството меѓу двете банди, во март во кафеана во Скопје со 40 куршуми беа егзекутирани двајца директни соработници на „Оки“, додека тој самиот „беше“ поштеден бидејќи само што пристигнувал во кафеаната.
Еден месец подоцна, скопјанец беше погубен на Косов , најверојатно како одмазда за масакрот во скопската кафеана, бидејќи неофицијално беше осомничен за убиство на соработниците на „Оки“.
Полицијата од местото на настанот собрала 19 чаури.