
Претставени полициските униформи на албански јазик
Заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши на својот Фејсбук профил објави слики од униформи и возила кои ќе бидат и на албански јазик, по стапувањето во сила на Уредбата заснована на Законот за јазиците.
„По стапувањето во сила на Уредбата за униформи и знаци на ПОЛИЦИСКИ униформи врз основа на Законот за употреба на албанскиот јазик, денеска заедно со колегата Оливер Спасовски истото почнуваме да го спроведуваме во пракса. Со ова се исполнува ветувањето кое произлегува од Охридскиот договор дека полициските униформи ќе бидат и на албански јазик. Оваа одлука е веќе објавена во Службен весник“, напиша Буши.

