Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Миовски ја спаси Македонија од резил со Фарските Острови! (ФОТО)
Спорт

Миовски ја спаси Македонија од резил со Фарските Острови! (ФОТО)

27/03/2023

AA

Најдобриот македонски напаѓач Бојан Миовски (Абердин) ја спаси Македонија да не се изрезили против слабите Фарски Острови, па неговиот гол во ужасно лошата претстава на црвеноо-жолтите вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ донесе минимален триумф со 1-0, втор во низа после победата со Малта со 2-1 на стартот на евроквалификациите.

Напаѓачот на Абердин осум минути пред крајот успеа да даде гол за Македонија, откако Елиф Елмас промаши зицер две минути претходно, а овој двоец влезе во игра во 55-та минута за малку повеќе да го размрда (под)заспаниот тим кој дотогаш направи една шанса со пречката на Езџјан Алиоски во првиот дел и неколкуте можности без некоја конкретна завршница.

Безброј лоши додавања, без брз проток на топката, многу индивидуални акции и нешто повеќе шутеви кон голот го одбележаа мечот за заборав, зашто Македонија не покажа премногу, дури и далеку под своите можности и игрите од претходниот период, а на сѐ најмногу ѝ кумуваше стратегијата да тргнеме со два центарфори во Илија Несторовски и Милан Ристовски, кои за нешто помалку од час скоро да беа невидливи.

Кој знае каков ќе беше исходот ако Милевски вечерва не посегна по двајцата најдобри во моментов, Елмас и Миовски, зашто сѐ до безмалку еден час беше ужасно лошо и безидејно. Миовски ја спаси работата за Фарски острови да не ја добијат шансата да се фалат со резултат против Македонија, како во минатото од „пациенти“ како Андора, Лихтенштајн, Луксембург и Малта, кои успевале да нѐ изрезилат.

CUANDO PARECÍA QUE EL ARCO SE CERRABA CADA VEZ MAS, APARECE BOJAN MIOVSKI PARA ABRIR EL MARCADOR. 1-0 PARA LA MACEDONETA 🇲🇰🔥 @bojanmiovskii 🔥🔥🔥🔥 pic.twitter.com/FkZr1WVcmH

— Mecedonia 🇲🇰 ❁ (@macedoniaffmkd) March 27, 2023

Тоа што Македонија го покажа фудбалски во овие два меча, без оглед на победата со Малта сериозно загрижува зашто оваа репрезентација е предалеку од формата од пред една година кога се бореше за пласман на Светското првенство, а во низа ни се повторуваат стари болки со грешки во одбрана (Фараните добија две шанси за сериозно да нѐ загрозат, но очајно ги искористија), слабата реализација, ама пред сѐ лошите избори во градењето на акциите и завршните додавања.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy