Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претседателот на Владата, Ковачевски во посета на МТЕЛ, компанијата сподели план за инвестиции вредни 50 милиони евра и 200 нови вработувања во следните две години
Македонија

Претседателот на Владата, Ковачевски во посета на МТЕЛ, компанијата сподели план за инвестиции вредни 50 милиони евра и 200 нови вработувања во следните две години

08/03/2023

AA

Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ со план во следните две години да инвестира 50 милиони евра и да го прошири својот тим со 200 нови вработувања. Планот за идните инвестиции на МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата, го соопштија генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ и претседателот на Надзорниот одбор на МТЕЛ, Горан Трајановски при вчерашната посета на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на МТЕЛ.

Претседателот на Владата, Ковачевски упати честитки до МТЕЛ за досегашното успешно работење, постигнатите резултати и позитивниот развој на пазарот.

„Постигнатите резултати се должат на технолошките успеси што ги има оваа телекомуникациска компанија, но и довербата која во нив ја имаат корисниците. Драго ми е што оваа компанија ги препознава позитивните политики на Владата за инвестирање. Владата што ја предводам создава подрачје за безбедно инвестирање, па затоа МТЕЛ ќе продолжи да се шири и да инвестира во Северна Македонија“, истакна претседателот на Владата, Ковачевски при посетата на МТЕЛ.

На состанокот со претседателот на Владата, Ковачевски и неговиот тим, директорот Лучиќ истакна дека како лидер во телекомуникацискиот сектор во регионот, Телеком Србија има амбициозни планови за раст на македонскиот пазар и во таа насока планира да реализира сериозен инвестициски циклус во следните две години.

„Му благодариме на премиерот Ковачевски за честа да нè посети и да ни дозволи да ги споделиме нашите планови за идниот развој на компанијата во Северна Македонија, за чиј пазар имаме навистина големи амбиции. Од влезот на пазарот во Северна Македонија во 2021 година досега инвестиравме 4 милиони евра и во нашата компанија ангажиравме 80 лица. Задоволни сме со работата на нашата компанија која во моментов веќе има повеќе од 16 илјади задоволни корисници. Во следните две години планиравме да инвестираме дополнителни 50 милиони евра, а нашиот тим да го зголемиме за уште најмалку 200 млади стручни лица“, изјави генералниот директор на Телеком Србија, Лучиќ.

Очекувањата на МТЕЛ се значително зголемување на бројот на корисници во наредниот период и постепено искачување кон позицијата број 1 оператор на македонскиот телекомуникациски пазар.

„Бројот од над 16 илјади корисници за само неколку месеци од како се промовиравме како мобилен оператор , како и мрежата од над 600 продажни локации ни говорат дека оваа наша амбиција е реална и остварлива. Кон нашите корисници испорачуваме одлична понуда во делот на мобилната телефонија, интернет и комбинирани пакет, иновативни услуги и ексклузивни дигитални содржини и уверени сме дека бројот на корисници значително ќе порасне во текот на оваа година“, вели генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ.

Претседателот на Надзорниот одбор на МТЕЛ, Горан Трајановски истакна дека компанијата која што во државава влезе како гринфилд инвестиција досега е особено задоволна од деловниот амбиент и соработката со регулаторите.

„Горди сме на сето она што го постигнавме во изминатиот период. Задоволни сме од деловниот амбиент, од односот и соработката со институции надлежни за регулација на телекомуникацискиот сектор. Стартувајќи како гринфилд инвестиција пред само година и половина за брзо изградивме компанија, телекомуникациски оператор кој што веднаш беше препознаен од корисниците како квалитетен, поинаков“, нагласи претседателот на Надзорниот одбор на МТЕЛ, Трајановски.

Претседателот на Владата се запозна и со услугите кои што ги нуди во делот на мобилната телефонија, интернет и сателитска телевизија, како и севкупните работни процеси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy