Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претседателот на Владата, Ковачевски во посета на МТЕЛ, компанијата сподели план за инвестиции вредни 50 милиони евра и 200 нови вработувањаво следните две години
Економија

Претседателот на Владата, Ковачевски во посета на МТЕЛ, компанијата сподели план за инвестиции вредни 50 милиони евра и 200 нови вработувањаво следните две години

08/03/2023

AA

Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ со план во следните две години да
инвестира 50 милиони евра и да го прошири својот тим со 200 нови вработувања.
Планот за идните инвестиции на МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата, го
соопштија генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, генералниот
директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ и претседателот на Надзорниот одбор на МТЕЛ,
Горан Трајановски при вчерашната посета на претседателот
на Владата, Димитар Ковачевски на МТЕЛ.

Претседателот на Владата, Ковачевски упати
честитки до МТЕЛ за досегашното успешно работење, постигнатите резултати и
позитивниот развој на пазарот.

„Постигнатите резултати се должат на
технолошките успеси што ги има оваа телекомуникациска компанија, но и довербата
која во нив ја имаат корисниците. Драго ми е што оваа компанија ги препознава
позитивните политики на Владата за инвестирање. Владата што ја предводам
создава подрачје за безбедно инвестирање, па затоа МТЕЛ ќе продолжи да се шири
и да инвестира во Северна Македонија“, истакна претседателот на Владата,
Ковачевски при посетата на МТЕЛ.

На состанокот со претседателот на Владата, Ковачевски и неговиот тим,
директорот Лучиќ истакна дека како лидер во телекомуникацискиот сектор во
регионот, Телеком Србија има амбициозни планови за раст на македонскиот пазар и
во таа насока планира да реализира сериозен инвестициски циклус во следните две
години.

„Му благодариме на премиерот Ковачевски за честа да нè посети и да ни
дозволи да ги споделиме нашите планови за идниот развој на компанијата во
Северна Македонија, за чиј пазар имаме навистина големи амбиции. Од влезот на
пазарот во Северна Македонија во 2021 година досега инвестиравме 4 милиони евра
и во нашата компанија ангажиравме 80 лица. Задоволни сме со работата на нашата
компанија која во моментов веќе има повеќе од 16илјади задоволни корисници. Во
следните две години планиравме да инвестираме дополнителни 50 милиони евра, а
нашиот тим да го зголемиме за уште најмалку 200 млади стручни лица“, изјави
генералниот директор на Телеком Србија, Лучиќ.

Очекувањата на МТЕЛ се значително зголемување на бројот на корисници во
наредниот период и постепено искачување кон позицијата број 1 оператор на
македонскиот телекомуникациски пазар.

„Бројот
од над 16 илјади корисници за само неколку месеци од како се промовиравме како мобилен
оператор , како и мрежата од над 600 продажни локации ни говорат дека оваа наша
амбиција е реална и остварлива. Кон нашите корисници испорачуваме одлична
понуда во делот на мобилната телефонија, интернет и комбинирани пакет, иновативни услуги и
ексклузивни дигитални содржини и уверени сме дека бројот на корисници
значително ќе порасне во текот на оваа година“, вели генералниот директор на
МТЕЛ, Марко Лопичиќ. 

Претседателот на Надзорниот одбор на МТЕЛ, Горан Трајановски истакна дека
компанијата која што во државава влезе како гринфилд инвестиција досега е
особено задоволна од деловниот амбиент и соработката со регулаторите.

„Горди сме на сето она што го постигнавме во
изминатиот период. Задоволни сме од деловниот амбиент, од односот и соработката
со институции надлежни за регулација на телекомуникацискиот сектор. Стартувајќи
како гринфилд инвестиција пред само година и половина за брзо изградивме
компанија, телекомуникациски оператор кој што веднаш беше препознаен од
корисниците како квалитетен, поинаков“, нагласи претседателот на Надзорниот
одбор на МТЕЛ, Трајановски.

Претседателот на Владата се запозна исо услугите
кои што ги нуди во делот на мобилната телефонија, интернет и сателитска
телевизија, како и севкупните работни процеси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy