Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претседателот на Сирија се согласи да отвори две граници со Турција за испорака на помош од ОН
Македонија

Претседателот на Сирија се согласи да отвори две граници со Турција за испорака на помош од ОН

14/02/2023

AA

Сирискиот претседател Башар ал Асад се согласи да дозволи помошта на ОН да стигне до северозападна Сирија под контрола на опозицијата преку два гранични премини од Турција и да ги отвори три месеци, изјави вчера генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Асад се согласи да ги отвори премините Баб ал Салам и Ал Раи, изјави Гутереш откако вчера во Дамаск заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарна помош Мартин Грифитс се сретна со сирискиот претседател. Грифитс го информираше Советот за безбедност на ОН за одлуката на Асад на состанок зад затворени врати, велат дипломатите.


Турција и Сирија беа погодени од разорен земјотрес минатата недела во кој загинаа повеќе од 37.000 луѓе, а договорот на Асад значи дека Обединетите нации сега можат да користат вкупно три гранични премини од Турција за да доставуваат помош до зафатената од војна северозападна Сирија.

ОН веќе го користат преминот Баб ал Хава од 2014 година за да достават помош до милиони луѓе во северозападна Сирија. „Отворањето на овие премини, истовремено олеснувајќи ја испораката на хуманитарна помош, забрзувањето на издавањето визи и олеснувањето на патувањето меѓу местата ќе овозможи побрза испорака на поголеми количини на помош“, рече Гутереш.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026
Македонија

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026
Македонија

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42367
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy