
Претседателот на Израел: Ова е како војна
Иранскиот напад прави Израел да се чувствува како да е во војна со Техеран, изјави израелскиот претседател Исак Херцог за Sky News.
„Во Техеран постои зла империја, која има свои претставници, кои ги води во целиот регион и со сите свои ќелии низ светот. Тие трошат милијарди долари само за да ја поткопаат стабилноста во регионот“, додаде израелскиот претседател.
Херцог посочува дека пропорционално, синоќешниот напад ќе изгледаше како да се испукани 3.500 дронови и проектили, доколку нападот беше насочен кон Велика Британија.
„Ова е објава на војна“, рече тој, пред да додаде дека Израел ќе покаже воздржаност.
„Последното нешто што Израел, од неговото создавање, го сака во овој регион е да војува. Ние бараме мир“, одговори Херцог, додавајќи дека Хамас и иранските претставници го направиле тоа речиси невозможно.
„За жал, се започна на 7 октомври кога вториот полномошник на Иран, Хамас, изврши неверојатно брутален масакр врз израелските граѓани, а останатото е историја“, рече Херцог.
Светот е повикан да ги стави акциите на Израел во овој контекст.
„Се разбира, ние секогаш ги слушаме нашите партнери. Исто така, ние секогаш ги разгледуваме сите наши опции и ќе направиме се што е потребно за да го заштитиме и одбраниме нашиот народ“, рече израелскиот претседател.
