
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕГИПЕТ СЕ ЗАКАНИ: Нема да дозволиме принудно раселување на Палестинците од Газа
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Египет Абдел Фатах ел Сиси денеска во разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека неговата земја нема да дозволи принудно раселување на Палестинците од Газа.
Сиси, исто така, ја истакна неопходноста од постигнување прекин на огнот во Појасот Газа, според изјавата на неговиот портпарол, пренесе Ал Џезира.
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во петокот објави дека израелскиот премиер одобрил воен план за копнена операција во градот Рафах на крајниот југ од Појасот Газа, дом на повеќе од милион раселени Палестинци.
Најмалку 31.645 Палестинци се убиени, а 73.676 се ранети во израелските напади врз Газа од 7 октомври, според палестинското Министерство за здравство.
Министерството додаде дека во последните 24 часа загинале 92 лица.
