Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претседателот на Чешка: Украина нема да добие покана за НАТО
Македонија

Претседателот на Чешка: Украина нема да добие покана за НАТО

30/04/2023

AA

Претседателот на Чешката Република Петр Павел денеска по враќањето од дводневната посета на Украина изјави дека тие во Киев многу добро знаат дека нема да добијат покана од НАТО на самитот во Вилнус во јули, ниту датум за влез во НАТО, ниту пак можат да сметаат на колективна одбрана со западните воени сојузници.

„Украинците очекуваат во Вилнус изјава за поддршка од сојузниците и нешто во форма на безбедносни гаранции. Нацрт документот за безбедносна гаранција е подготвен, го разгледуваат западните сојузници. Гаранциите нема да имаат форма на член 5 од Договорот за НАТО, но можеме да ги погледнеме, на пример, гаранциите дадени на Финска во периодот пред да стане полноправна членка на НАТО“, изјави чешкиот претседател по слетувањето во Прага.

Петр Павел истакна дека ниту украинскиот претседател Володимир Зеленски, ниту другите високи украински функционери не се наивни и дека многу добро знаат дека на летниот самит на НАТО нема да има одлука за прием, ниту конкретни датуми, ниту патокази.

„Општото ветување беше дадено на самитот во Букурешт“, потсети чешкиот претседател и додаде дека Чешка ќе го поддржи почетокот на преговорите на Украина со Европската унија оваа година, а еден ден, веројатно, и влезот на државата во НАТО.

Претседателот Павел, поранешен шеф на Воениот комитет на НАТО, постојано предупредува дека Украина не може да се приклучи на НАТО додека трае војната.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy