
Претседателката Сиљановска не го потпишала указот за Законот за заштита на децата со кој се предвидуваше воведување на двојазични лиценци
Попладнево од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) објавија дека претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, не го потпишала указот за Законот за заштита на децата, со кој се предвидуваше воведување на двојазични лиценци во градинките. Од СДСМ го поздравија овој чекор и побараа од ВМРО-ДПМНЕ да се повлече од измените на законот.