Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претреси во Скопје, МВР презема мерки за целосно расчистување на убиството кај ТЦ „Мавровка“ (видео)
Магазин

Претреси во Скопје, МВР презема мерки за целосно расчистување на убиството кај ТЦ „Мавровка“ (видео)

21/08/2024

AA

Министерството за внатрешни работи вечерва извести дека во текот на целиот ден се преземаат мерки и активности за расчистување на кривичното дело убиство, кое денеска беше извршено на паркинг простор пред ТЦ „Мавровка” и мерките и активностите продолжуваат и во текот на вечерта.

Од МВР посочуваат дека веднаш по добиената пријава за пукање во близина на ТЦ „Мавровка”, при што бил застрелан В.Е.(59), кој починал на местото на настанот, преземени се низа оперативно тактички мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите.

Извршени се претреси и прегледи на повеќе локации и возила, а биле ангажирани и полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, хеликоптери и дронови. Приведени се две лица за кои постојат основи на сомнение дека се сторители на кривично дело „убиство“ казниво по член 123 од КЗ, кои ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка по целосно расчистување и документирање на случајот, се вели во соопштението до медиумите.

Исто така се додава дека се преземаат мерки за пронаоѓање и на третото осомничено лице односно целосно расчистување на случајот во координација со ОЈО Скопје.

Во текот на денот од страна на СВР Скопје по издадени наредби од страна на судија на претходна постапка извршени се претреси на четири локации за кои постојат индиции дека престојувале лицата инволвирани во кривичното дело. При преземањето на мерките и активностите пронајдени се доволен број на материјални докази. СВР Скопје и вечерва спроведува низа на оперативно тактички мерки со цел лишување од слобода на третото осомничено лице. По целосното расчистување на случајот, МВР соодветно ќе ја информира јавноста,  се вели во соопштението до медиумите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ВИДЕО СНИМКА ОД АПСЕЊЕТО НА АРТАН ГРУБИ Фатен е

23/02/2026
Македонија

НАУТРО ЛАДНО, ПРЕКУ ДЕН СОНЧЕВО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Следува период

23/02/2026
Македонија

СЛЕДНАВА НЕДЕЛА ПОВЕЌЕ СОНЦЕ И ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ Топли воздушни маси

22/02/2026
Македонија

БАЛИЊАТА КАНАБИС КАМУФЛИРАНИ КАКО „КВАЛИТЕТНИ ЛЕСНИ ПЕРНИЦИ“ Се открива софистицираната

22/02/2026
Македонија

Две ретки птици мршојадци пронајдени угинати во Кавадаречко

22/02/2026
Македонија

6 ОД 10 ФИРМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАНАБИС ЌЕ ГИ ИЗГУБАТ

22/02/2026
Македонија

Како осомничениот убиец од кумановско останал незабележан од институциите?

22/02/2026
Македонија

Министерот Алиу откри колку фабрики за марихуана останале без лиценца!

22/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41791
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ВИДЕО СНИМКА ОД АПСЕЊЕТО НА АРТАН ГРУБИ Фатен е при влез во земјава, полицијата

23/02/2026

Полицијата утрово на граничниот премин Блаце го лиши од слобода Артан Груби. Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин

НАУТРО ЛАДНО, ПРЕКУ ДЕН СОНЧЕВО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Следува период на стабилно време

23/02/2026

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура е

СЛЕДНАВА НЕДЕЛА ПОВЕЌЕ СОНЦЕ И ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ Топли воздушни маси доаѓаат од југ

22/02/2026

Во текот на целата седмица што претстои Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy