Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Престои голема трансакција на Македонската берза!!! Кој ќе плати, а кој ќе наплати до 25 милиони евра?
Економија

Престои голема трансакција на Македонската берза!!! Кој ќе плати, а кој ќе наплати до 25 милиони евра?

23/09/2024

AA

Престои голема трансакција на Македонската берза!!! Кој ќе плати, а кој ќе наплати до 25 милиони евра?

Голем трансфер на сопственост за многумина од инвеститорската заедница е изненадувачки и неочекуван потег на мнозински акционери во наша голема и реномирана компанија од услужните дејности. Има индиции дека цената што ќе се нуди за превземање е фер и објективна, за 10% подобра од книговодствената вредност, но пониска од последната пазарна цена

На повидок е голем капитален трансфер на Македонската берза за хартии од вредност во кој голема македонска компанија од услужните дејности ќе го промени најголемиот поединечен акционер, дознава „Фактор“ од добро информирани извори во инвеститорската заедница.

Станува збор за зделка од најмалку 25 милиони евра вредност при што мнозинскиот пакет акции ќе добие нов домашен сопственик, а актуелниот најголем акционер, а веројатно и други покрупни акционери, на своите сметки ќе добијат над 20 милиони евра.

Очекувано е по овој трансфер на годината да следува и јавна понуда за превземање на сите акции со право на глас кои можат да се тргуваат на Македонската берза.

Цената по која ќе бидат откупени сите слободни акции е објективна од аспект на книговодствената вредност на компанијата, нејзината пазарна позиција и големина, но е пониска од актуелната пазарна цена на таа акција.

Дури вреди да се истакне дека цената што ќе ја понудат за откуп е повисока за 10 отсто од книговодствената вредност на секоја акција големата македонска компанија од услужните дејности чија акција е котирана на берзата.

Купувачот на акциите е исто домашна реномирана трговска фирма. Дел од аналитичарите кои го следат домашниот финансиски пазар проценуваат дека како претходница на претстојното превземање всушност и беше реализирана деловна операција со која компанијата – превземач се обезбеди со ликвидни средства од домашна деловна банка.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy