Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Преседан во македонскиот етер: Поради технички проблеми, МРТ не емитува вести
Македонија

Преседан во македонскиот етер: Поради технички проблеми, МРТ не емитува вести

15/10/2025

AA

Македонската радио-телевизија (МРТ) попладнево не успеа да ги емитува своите централни и вечерни информативни изданија на вестите. Официјалната причина нема, но како што дознава 4NEWS.mk станува збор за технички проблеми. Јавниот сервис попладнево ја остави јавноста без клучните информативни програми кои се темел на нејзината јавна служба. Одложено беше и емитувањето на политичката програма каде требаше да се претстават дел од кандидатите за градоначалници.

Гледачите кои вечерва во редовните термини ги вклучија каналите на јавниот сервис со цел да се информираат за најновите случувања во земјата и светот, наместо очекуваните изданија на „Дневникот“, беа пречекани со алтернативна програма. Отсуството на овие емисии, кои се сметаат за столб на информативната програма и клучна обврска на МРТ кон граѓаните од кои се финансира, претставува значаен преседан и сериозен удар врз функцијата на јавниот радиодифузер.

До овој момент, раководството на МРТ не излезе со детално објаснување за тоа што точно го предизвикало овој колапс во информативниот систем.

Овој инцидент се случува во парадоксален момент за јавниот сервис. Според последните анализи на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, МРТ во изминатата година за првпат по долго време имаше стабилно и целосно буџетско финансирање, што требаше да биде основа за техничко-технолошко унапредување.

Сепак, истите анализи покажаа и загрижувачки тренд на континуирано намалување на бројот на вработени, што го наметнува прашањето дали проблемот лежи во застарена опрема или во недостаток на доволно стручен кадар кој може да управува со сложените системи на модерната телевизија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА Резолуцијата Пустец да се

20/09/2026
Македонија

ЕСЕНТА ЌЕ ПОЧНЕ КАКО ШТО Ѝ ДОЛИКУВА Наутро студено, до

19/09/2026
Македонија

ЗНАМ ПРОМОВИРАШЕ ПУБЛИКАЦИЈА СО ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО Нека го читаат,

19/09/2026
Македонија

ОБВИНЕНИЕ ЗА 6 ЛИЦА ЗА ИЗДАВАЊЕ ЛАЖНИ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА

19/09/2026
Македонија

ЗНАМ ОЧЕКУВА УШТЕ ЕДЕН ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР Во игра се неколку ресори,

19/09/2026
Македонија

ХУМАНОСТА КАКО ТРАДИЦИЈА • „АЛКАЛОИД“ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРАВЈЕТО

19/09/2026
Македонија

УАПСЕН 26-ГОДИШЕН МАНИЈАК ОД ВЕЛЕС Полицијата му го претресе домот

19/09/2026
Македонија

ПРЕГАЗЕН ПЕШАК НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Млада возачка удрила во 63-годишен

19/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45684
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА Резолуцијата Пустец да се преименува во Преспа помина во

20/09/2026

Историски ден за Македонците во Албанија — вака претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во саботата, 19 септември, го

ЕСЕНТА ЌЕ ПОЧНЕ КАКО ШТО Ѝ ДОЛИКУВА Наутро студено, до пладне сончево, попладне дождливо

19/09/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне ќе има повремени

ЗНАМ ПРОМОВИРАШЕ ПУБЛИКАЦИЈА СО ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО Нека го читаат, нека го критикуваат, нека кажат

19/09/2026

Движењето ЗНАМ денеска ја претстави публикацијата со отчет за работата на избраните и именуваните функционери од партијата во изминатите две

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy