Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Препознајте го навреме: Голем романтичар или опасен манипулатор?
Магазин

Препознајте го навреме: Голем романтичар или опасен манипулатор?

22/09/2023

AA

Понекогаш во врската сите аларми се вклучени и сите ги гледаат и слушаат, се чини само вие сте слепи и глуви, во име на љубовта.

Бидејќи сме заљубени и сакаме врската да опстои, тешко и е да ги видиме и прифатиме овие предупредувачки знаци.

Прочитајте ги овие знаци на чиста манипулација што партнерите кои се вешти манипулатори ги претставуваат како невидена романтика и љубов.

Овие партнери се токсични и не се добри за вас, без разлика колку добри и романтични работи прават за вас.

Секогаш мора да знае каде си

Сосема е ок партнерот да биде известен за твоите планови, но ако го следи твојот дневен распоред до минута и сака да знае точно каде си, со кого и што правиш, тоа е веќе знак на опсесивност и параноја, а не љубов.

Ти не си нечија сопственост, а со постојана контрола не се гради доверба, туку златен кафез.

Постојано се јавува и праќа пораки

Комуникацијата е клучна во секоја врска. Јавувањето и праќањето пораки обично е поинтензивно на почетокот на врската и е разбирливо дека сакате да ја чуете саканата личност. Но, кога тие повици и пораки почнуваат да стануваат алатка за контрола и следење, тоа е знак за обид за манупулација, а не љубов базирана на доверба.

Ако се наоѓаш во позиција постојано да се објаснуваш зошто не си одговорила веднаш на порака или не си кренала по првото ѕвонење, време е за сериозен разговор, а можеби и прекинување на врската.

Наметнува теми на разговор

Секој има свои граници и конфор зона. Ако партнерот те притиска да му кажеш работи кои ти не сакаш да ги споделиш, тоа е јасен знак на емоционално малтретирање.

Овие манипулатори најчесто сакаат да извлечат информации за тебе или за твоите блиски, за да може подоцна да ги злоупотреби против вас. Ова е далеку од романтично однесување. Овој човек не те сака тебе, сака да поседува некој кој ќе му се плаши.

Само вие двајца

Убаво е чувството да знаеш дека си нечиј приоритет и дека сака да поминува време со тебе. Но, се раѓа сомнеж кога ќе сфатиш дека тој нема пријатели, не е близок со семејството, не го сакаат колегите… Другата крајност може да биде дека не сака да те запознае со нив.

Јасен знак за неговата посесивност, а не љубов, е инсистирањето поретко да се гледаш со твоите пријатели, членови на семејството, колеги и колешки, додека тоа не се сведе на само на официјални средби на кои по можност и тој ќе присуствува.

Те „прогонува“ на социјалните мрежи

Неговата „љубопитност“ не застанува на испрашување каде си и со кого си. Тој го анализира секој твој чекор на социјалните мрежи, кои ти се пријатели на Facebook, чија фотографија си лајкнала на Instagram, што си напишала на Twitter… И потоа следат долги дискусии по секоја точка за твојата активност на социјалните мрежи.

Што е следно? Да побара лозинка за твоите профили?

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

OJO оформи предмет за енормно загадување на водата за пиење

13/02/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на стариот пат Скопје – Тетово, автомобил излета

13/02/2026
Македонија

„Празнувај со срце, вози со разум“: Апел до граѓаните за

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ОВОЗМОЖИЈА ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА НИВА? Потребна

13/02/2026
Македонија

САД И MAKEДОНИЈА ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА РЕЦИПРОЧНА, ФЕР И ИЗБАЛАНСИРАНА

13/02/2026
Македонија

НАМЕСТО ДА ОБЈАСНИ ЗОШТО БИЛ КАЈ ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВАШЕ ДЕКА

13/02/2026
Македонија

ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС НА ОТВОРЕНО? Филипче жестоко го брани

13/02/2026
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41402
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

OJO оформи предмет за енормно загадување на водата за пиење во Струга!

13/02/2026

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот

Сообраќајна несреќа на стариот пат Скопје – Тетово, автомобил излета од патот и се преврти!

13/02/2026

Сообраќајна несреќа се случи денес на стариот пат што ги поврзува Скопје со Тетово, поточно во близина на раскрсницата што

„Празнувај со срце, вози со разум“: Апел до граѓаните за празникот на виното и љубовта!

13/02/2026

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упати апел до сите учесници за внимателно, совесно и одговорно учество

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy