
ПРЕМИЕРОТ НА КАНАДА ЗА ЦАРИНИТЕ НА САД: Ќе формираме „коалиција од земји истомисленици“
Премиерот на Канада, Марк Карни изјави дека откако САД воведоа високи царини, тој планира да формира „коалиција од земји истомисленици“ која бара алтернатива за американското раководство во светот.
„Ерата во која САД ја водеа глобалната економија, градеа сојузи засновани на доверба и промовираа слободна трговија е завршена“, изјави Карни.
Канадскиот премиер додаде дека одлуката на Трамп е трагедија, но во исто време е и нова реалност.
Инаку, кинеските државни медиуми го преплавија интернетот со видеа создадени од вештачка интелигенција, на кои се гледаат роботи кои танцуваат и исплашени потрошувачи, исмејувајќи ја одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини.
foto Facebook/mark-carney

