
Премиерот на Јапонија им порача на граѓаните да се подготват за нови земјотреси: „Евакуирајте се што поскоро!
Десетици згради беа уништени, илјадници без струја и беше издадено предупредување за цунами во четири земји како резултат на земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Јапонија во понеделникот.
Засега нема информации за загинати или повредени во силното тресење на тлото во централните делови и на западното крајбрежје.
Земјотресот испрати бранови високи околу еден метар долж брегот и властите предупредуваат дека може да следат и поголеми. Јапонската метеоролошка агенција издаде посебно предупредување до префектурите Ишикава, Ниигата и Тојама.
За Ишикава првпат беше издадено големо предупредување за цунами за прв пат по земјотресот во 2011 година, но предупредувањето подоцна беше намалено.
Покрај Јапонија, предупредувања беа издадени и во соседна Кореја и Русија.
Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека силна сеизмичка активност ќе се почувствува во наредната недела, кога земјата повторно би можел да ја погоди земјотрес со јачина од 7 степени.
Земјотресот во понеделникот уништи десетици згради, десетици илјади луѓе остави без струја и ги принуди жителите на крајбрежните области да се евакуираат на повисоките места.
Во своето обраќање, јапонскиот премиер Фумио Кишида ја предупреди јавноста да се подготви за нови земјотреси.
„Ги повикувам луѓето каде што се очекува цунами да се евакуираат што е можно поскоро“, предупреди премиерот, а жителите беа повикани да се евакуираат и преку телевизиски преноси во одредени области на земјата.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 13 километри, а епицентарот бил на 90 километри северно од Такаока и 47 километри североисточно од Анамику.
