Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Премиерлигата ќе скрши тридецениска традиција, навивачите бесни!
Спорт

Премиерлигата ќе скрши тридецениска традиција, навивачите бесни!

20/10/2023

AA

Во Англија се има почит за традицијата, исто така и за фудбалот, а кога ќе се спојат тие двете, речиси и да нема место за исклучоци. Меѓутоа во Премиерлигата по сѐ изгледа ќе има отстапување кога е во прашање строго утврдениот распоред со натпреваро околу католички Божиќ и Нова Година.

Секоја сезона екипите играат редовно коло викендот пред Божиќ, на бадниковата вечер се празнува како и на самиот ден 25 декември, а денот потоа или популарниот „Боксинг деј“ е време за вонредно, празнично коло. Исто така се игра задолжително и на 1 јануари.

Меѓутоа овој пат Премиерлигата ќе направела измени со оглед на фактот дека 25 декември се паѓа понеделник, па телевизиите размислувале дека е штета да не се искористи неделниот, вечерен термин, кога сите се по своите домови. Оттука, мечот Вулверхемптон – Челси бил планиран за бадниковата вечер, на 24 декември.

Вакво нешто последен пат се случило во 1995 година, а оттогаш редовно се игра пред Бадник и Божиќ и дури на 26 декември за Боксинг деј. Информацијата за овој меч ја пренесоа дел од англиските медиуми и не е сѐ уште официјално, но навивачите не почекаа за остро да реагираат.

Ова особено ги погодува поддржувачите на Челси, кои, ако сакаат да одат на гостувањето ќе треба да патуваат по 200 километри во еден правец и практично да ја загубат бадниковата вечер по патиштата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗНАМ ЌЕ ПОЛАГА ДВЕГОДИШНА СМЕТКА ПРЕД ГРАЃАНИТЕ По отчетот во

18/09/2026
Македонија

ВИКЕНДОТ НОСИ OБЛАЦИ, ВЕТЕР И ДОЖД Од понеделник врнежите слабеат,

18/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ЕДЕН ОД ВРВНИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА САД ВО РЕГИОНОТ

18/09/2026
Македонија

ПОЗИЦИИТЕ НА ВЛАДАТА ОСТАНУВААТ ИСТИ Софија реципрочно треба да ги

18/09/2026
Македонија

ЖЕРНОВСКИ ПАК ГО ВОЗИ „МЕРЦЕДЕСОТ НА БРАТУЧЕДОТ“ А богами и

18/09/2026
Македонија

ЕДИНСТВЕНИОТ ОСУДЕНИК ЗА „ЛАСКАРЦИ“ ПОД НАДЛЕЖНОСТ НА КРИВИЧЕН ИЗЛЕГУВА ОД

18/09/2026
Македонија

ВРХОВЕН ОБЈАСНИ ЗОШТО Е УКИНАТА ПРЕСУДАТА ЗА ЛАСКАРЦИ Апелација не

18/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕ НИ ТРЕПНА КОГА СО ЗАЕВ ГО ПРОДАДОА ИМЕТО

18/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45671
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗНАМ ЌЕ ПОЛАГА ДВЕГОДИШНА СМЕТКА ПРЕД ГРАЃАНИТЕ По отчетот во Скопје функционерите тргнуваат на 14

18/09/2026

Две години работа на функционерите на ЗНАМ ќе бидат ставени на отчет пред граѓаните, прво утре во Скопје, а потоа

ВИКЕНДОТ НОСИ OБЛАЦИ, ВЕТЕР И ДОЖД Од понеделник врнежите слабеат, потоа доаѓа постуден воздух

18/09/2026

Времето в сабота, 19 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во крајните северни и источни региони ќе

МАКЕДОНИЈА Е ЕДЕН ОД ВРВНИТЕ ПРИОРИТЕТИ НА САД ВО РЕГИОНОТ Мицкоски откри дека се разговара

18/09/2026

Македонија е врвен приоритет на САД во регионот, а од стратешкото партнерство во следните години треба да произлезат капитални проекти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy