Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРЕКУ КОНЗОРЦИУМ ДО ПОВЕЌЕ СТРАНСКИ ПАЗАРИ: градежниците повторно навалија во Германија, имаат ли капацитети
Економија

ПРЕКУ КОНЗОРЦИУМ ДО ПОВЕЌЕ СТРАНСКИ ПАЗАРИ: градежниците повторно навалија во Германија, имаат ли капацитети

29/05/2024

AA

Ќе успеат ли
расцепканите македонски градежни компании да креираат конзорциум, или пак, да
се окрупнат со цел да можат да освојат повеќе странски пазари каде би работеле?
Дали се уште имаaт капацитети да освојуваат на странските пазари како во
минатото?

Позитивни сигнали
пристигнаа по информациите дека во првите три месеци од годината договорени се
градежни работи во странство во износ од над 150 милиони денари, при што има
раст од 10,8 проценти во споредба со истиот период 2023 година
. Исто така е
нотирано дека градежниот сектор од земјава во истиот период завршил градежни
зафати чија вредност достигнала скоро 50 милиони денари, и притоа се зголемила
за 16,4 проценти во споредба со првите три месеци од годината.

Овие податоци
според упатените во градежниот сектор се позитивен сигнал. Истакнуваат дека
зголемениот интензитет на градежните активности на нашите компании во странство
може да се гледа само како поволна промена. Но, посочуваат дека една „пречка“
или кочница во напредокот може да биде само екипираноста и можноста на
компаниите да одговорат на барањата.

– 
Проблем
е како компаниите ќе одговорат на барањата на доверителите. Нашите капацитети се
намалени, и како такви, за успешен настап на пазарите надвор би требало да се
окрупнат, да формираат конзорциуми. Дополнително би требало да имаат поддршка
од државата во издавањето на банкарските гаранции – вели градежниот експерт
Никола Велковски.

Велковски за
Фактор истакнува оти секако на веста за раст на извршените и договорените градежни
работи во странство може да се гледа само позитивно, и додава дека тоа ќе
вилјае позитивно врз работниците, истакнувајќи дека единствена голема градежна
компанија која остана во Македонија е само „Гранит“.

– 
Нашите
компании најчесто работат на инфраструктурни проекти кога добиваат шанса да
работат во странство. Тоа се проекти за кои е потребен поголем кадар, искусен
кадар
, кој го има само во Гранит, или пак, би можел да се обезбеди преку
формирање конзорциум – укажува Велковски.

Податоците на ДЗС
покажуваат дека најголем дел од договорените градежни работи се во Германија,
каде и претходно се вршеа најмногу градежни работи. Потоа следат Црна Гора и
Бугарија, каде исто така има раст на грдежните работи кои ќе се извршуваат, но
сепак, тоа е далеку помалку од Германија.

Нашиот соговорник
посочува дека е многу важно државата да посвети поголемо внимание на секторот и
да направи напори да се променат навиките кај младите, да не се поттикнуваат
младите да студираат науки кои не се бараат толку на пазарот на труд, туку да
се посочува дека и како градежен занаетчија може да се заработат големи суми.

– 
Потребно
е државата да направи напори да се стимулираат младите да завршат стручни
школи, за да има работници за секој сектор. Освен информатичките или техничките
науки или пак доктори, другите високи школи многу помалку се бараат, нема
потреба од толку студенти. Мораме младите да ги насочиме во школи каде недостига
кадар, а не да се форсира високо образование
– укажува Велковски.

Тој за Фактор
посочува дека денеска и професиите како гипсари, плочкари, електричари или пак
водоводџии носат големи плати. Според него, работниците во овие сектори зимаат
околу 1.500 евра плата,
во зависност од дејноста, искуството, брзината со која
работат…

– 
Овие
професии скоро и да ги нема, ако најдете од тој кадар скапо ќе ги платите.
Голем дел од нив штом стекнат искуство преку Хрватска бегаат за европските
земји. Затоа велам, мора да се смени државната стратегија за образование, да им
се покаже на младите и родителите дека се исплати и со вакви дејности, и дека
се заработува убаво.
Не треба да се форисираат млаидте на високо образование,
не по секоја цена да се заврши факултет, или пак да се бара работа во државни
институции, оти важи за сигурна, како што практикуваат многу наши сограѓани –
вели Велковски.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy