Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Предупредувачки протест на вработените во Царина: Богоев не очекува да се затворат граничните премини
Македонија

Предупредувачки протест на вработените во Царина: Богоев не очекува да се затворат граничните премини

16/06/2023

AA

Вработени во Царинската управа, членки на Синдикатот на УПОЗ, денеска во тек на паузата одржаа предупредувачки протест пред зградата на управата, барајќи 30 проценти повика плата.

Во тек на протестот тие добија покана за средба со директорот на Царината Стефан Богоев, кој истакна дека не очекува во ниту еден случај да не дојде до затворање на гранични премини.

– Со службите на Царинска управа, ќе разговараме што досега е направено, бидејќи и досега се направени работи во поглед на работничките права и условите за работа. Во координација со Управата за јавни приходи, која има сличен проблем, ќе разговараме со Министерството за финансии, изјави Богоев.

Како што појасни Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, вработените во Царината тие бараат правилна примена на член 67 став 3 од Закон за Царинска управа, во кој е наведено дека царинските службеници добиваат 30 проценти од платата како надополнување на редовната плата, поради посебните услови од работа како и поради посебна одговорност што произлегува од работното место.

Тој рече дека иако овој став е дел и од Колективниот договор, ниту еден вработен никогаш не го добил тој додаток.

– Со Законот за буџетите и со автентичното толкување на овој закон од Собранието, Министерството за финансии и сите органи во состав на Министерството, добија додаток на плата во висина од 30 проценти, изјави Деаноски.

Овие вработени кои протестираат, дополни тој, го полнат државниот Буџет секоја година повеќе од 51 процент, носат оружја, вршат претреси, изложени се на висок ризик и не бараат ништо повеќе од тоа да се почитува законот и колективниот договор.

Деаноски потенцираше дека протестот е за време на паузата и со него не се нарушува работниот процес, но оти не е исклучена можноста и за генерален штрајк на ниво на синдикат воопшто.

Очекуваат добар прием од новиот директор и решавање на проблемот, потсетувајќи дека кога бил градоначалник, со него бил склучен многу добар Колективен договор за вработените во Општина Карпош.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy