
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НАПАД! Блокирана американска воздушна база, затворени и училиштата!
Воздухопловната база Малстром во Монтана во Соединетите Американски Држави е ставена во карантин поради активирана тревога, објави КВТХ. Фејсбук страницата на воената база му нареди на целиот персонал да се повлече на безбедна локација, откако беше издадено предупредувањето во четвртокот во 10:29 часот по средноевропско време.
За денеска беше закажана воена вежба, но тревогата е активирана и претставници на воздухопловните сили велат дека нема никаква врска со вежбата. Затворени се и училиштата додека трае истрагата за алармот.

