Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Предметот за трагедијата со изгорениот македонски автобус во Бугарија пред конечна одлука
Магазин

Предметот за трагедијата со изгорениот македонски автобус во Бугарија пред конечна одлука

07/04/2023

AA

Државниот обвинител Љубомир Јовески вечерва соопшти дека предметот за трагедијата во Бугарија кога изгоре автобусот на „Беса транс“ и имаше 40 жртви, е пред конечна одлука на Обвинителството.

Според Јовески, сите дејства се привршени, единствено се чека вештачење во делот на сообраќајната незгода од бугарските надлежни органи по што ќе има одлука.

Државниот обвинител не кажа за кого се води предистрагата и дали можеби таа се однесува и на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

-Мислам дека овој предмет е пред конечна одлука на Обвинителството. Сите дејства се привршени, единствено се чека само известување, вештачење во делот на сообраќајната незгода од бугарските надлежни органи и ќе има одлука. Не прејудицирам никаква одлука, одлуката ќе ја донесе јавниот обвинител кој постапува по предметот. Предистрагата да не ја отвораме со оглед дека е во таа фаза. Мислам дека не е добро да се спомнуваат имиња, истакна Јовески. 

Тој напомена дека до денес, ниту еден доказ и ниту едно вештачење не упатуваат на техничка неисправност на автобусот.

-Станува збор за извршен инспекциски надзор во станицата за технички преглед при кој е констатирано дека само сообраќајното решение – влегувањето и излегувањето во станицата има некои проблеми, а не внатре во делот каде се вршат техничките прегледи – дали станицата не е доволно опремена или нема доволно вработени. Значи, станува збор само за проблеми на сообраќајното решение. Тоа е едниот аспект. Вториот е дека од првиот момент на трагедијата, бугарските надлежни органи во ниту едно вештачење, ниту еден доказ и околност не упатуваа на техничка неисправност на автобусот. И до ден денеска бугарските власти не рекоа дека проблем на таа трагедија е неисправноста на автобусот. Обвинителството спрема оваа фирма, превозникот, отвори предмет, но во Основното обвинителство, бидејќи тоа беше надлежно. Доколку обивнителката во овој предмет била совесна и постапувала совесно, требаше да го достави да се спои во Основното обвинителство во Скопје. Не гледам апсолутно никаква надлежност на Специјалното јавно обвинителство, објасни Јовески. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy