Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кристијан Стојани по потекло од Мала Преспа триумфираше на маратон во Хамбург
Македонија

Кристијан Стојани по потекло од Мала Преспа триумфираше на маратон во Хамбург

07/04/2023

AA

Кристиан Стојани по потекло од Мала Преспа а сега живее во Германија, триумфираше на маратон одржан во Хамбург.

-Во овој германски град се одржа 42-то издание на трката ,,Insellauf’’, која се состоеше од три десциплини, односно, полумаратон, на 10 км и 5 км. Нашиот Стојани, трчаше на 5 км и се најде највисоко на пиедесталот, со постигнато време од 16:32, во трка во која учествуваа 2500 атлетичари, пренесува весникот Македониум.

„Insellauf’’ е една од најстарите и најтрадиционалните трки во Хамбург. Секој од учесниците, пријавени за учество на самата трка имаа можност да изберат помеѓу полумаратонот на островот Елба, островот ,,Десет”(10km) и трчањето на ,,Mühlenlauf’’ (5km).
Патеката за трчање е живописна, опкружена со прекрасни градини од минатото со цел љубителите на природата и спортот да уживаат за време на маратонското трчање.

Кристијан вели дека се чувствувал како да трча ,,cross country”, затоа што силниот ветар, како и калливиот дел од патеката, со кои се соочил помеѓу вториот и третиот километар, го попречиле во постигнувањето на уште подобар резултат.

-Оваа трка, за Стојани е уште една подготовка за она што следува во оваа сезона. Зимските подготовки поминаа доста добро, па сега започнуваме да ја засилување формата. Од самиот почеток, па се до самиот крај, се чувствував како да трчам соло трка. Се борев со силниот ветар, калливиот дел од патеката и неповолните временски услови. Го освоив првото место со што сум задоволен, изјавил тој.

Секако, додал, дека можел и подобро, доколку временските услови биле подобри.

– Сепак, секоја победа е уште еден поттик на мотивацијата со која се движиме напред, кон освојување на нови хоризонти. Секое качување на подиумот те прави да се чувствуваш посебен. Можам да изјавам дека за месец дена се гледаме на македонско тло, изјавил Кристијан Стојани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy