Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Предлог законот за амнестија повторно пред Владата, ќе се донесе ли?
Македонија

Предлог законот за амнестија повторно пред Владата, ќе се донесе ли?

26/09/2023

AA

Предлог законот за амнестија, според најавата од премиерот Димитар Ковачевски, ќе биде на расправа пред Владата и испратен до Собранието со потребните усогласувања. До денеска треба да се изврши усогласување со секторот за законодавство, откако пред една недела на седница на Владата беше констатирано дека постои потреба од негово дополнително усогласување со надлежните институции.

Според Ковачевски, Предлог законот, со кој се овозможува ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела, не се однесува за случаи на СЈО, осудените од 27 април и парламентарни функционери против кои се води кривичен прогон.

– Законот за амнестија кој е во владина процедура се однесува за одредена категорија затвореници и осуденици кои веќе се на издржување казни и не се однесуваат за случаи на СЈО, осудените од 27 април и парламентарни функционери против кои се води кривичен прогон, изјави вчера премиерот, одговарајќи на обвинувањата на лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, дека СДСМ И ДУИ подготвуваат амнестија во договор со ВМРО – ДПМНЕ за да обезбедат гласови за уставните измени.

Ковачевски најави дека откако ќе биде усогласен, Предлогот ќе биде поднесен до Собранието.

– Законот за амнестија кој се однесува на помали кривични дела бил презентиран на владина седница, но заради номотехничко усогласување со секторот за законодавство даден е период до утрешната седница и како таков откако е усогласен, односно кога ќе биде усогласен, ќе биде поднесен до Собранието на РСМ. Потоа од пратениците зависи дали ќе биде донесен, во која форма ќе биде донесен и кога ќе биде донесен, рече премиерот.

Министерството за правда на 13 месецов соопшти дека подготвило Предлог-закон за амнестија, со кој се овозможува ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела.

Законот не доби поддршка од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а лидерот Христијан Мицкоски, најави дека не само што нема да го поддржи, туку преку демократски алатки ќе го блокира.

-Тој закон кој што е предложен и на јавноста достапен е Закон за амнестија на криминалци за кои одредени политички партии во минатото даваа ветување дека или ќе бидат ослободени целосно или делумно. За жал, тие политички партии, или дел од тие политички партии денеска се од Владата и можете да видите дека таквиот закон не одговора, ама буквално ниту на потребите, ниту на очекувањата на граѓаните и во име на тоа ВМРО-ДПМНЕ не само што нема да го поддржи овој Закон за амнестија, туку и истиот, преку демократски алатки, ќе го блокира, рече Мицкоски.

Целта на Законот, според Министерството за правда, е да се овозможи растоварување во казнено поправните установи со оглед на фактот што состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа било потенцирано во бројни меѓународни извештаи како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа.

Со законот се предлага лицата на кои им е изречена казна затвор до шест месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 проценти од целокупната казна изречена со правосилна пресуда. Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право, за кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување ”од член 353, „Несовесно работење во службата” од член 353-в, сите од Кривичниот закон, за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово базирано насилство, информираше Министерството за правда.

Амнестијата,укажува ресорното Министерство, не се однесува за кривични дела „Разбојништво” од член 237 став 5 и „Разбојничка кражба” од член 238 став 5 од Кривичниот законик, за кривичните дела „Измама на штета на средства на Европската Унија” од член 249-а, „Перење пари и други приноси од казниво дело” од член 273, „Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353, „Несовесно работење во службата” од член 353-в, „Примање поткуп” од член 357, „Давање поткуп” од член 358, „Давање награда за противзаконито влијание” од член 358-а и за „Примање награда за противзаконито влијание” од член 359, сите од Кривичен законик.

Исто така, амнестијата не се однесува на лицата кои делата кои се предмет на амнестија ги сториле по 1 септември 2023 година, не се однесува на лицата кои во време на сторување на делата биле избрани и именувани лица во државава, како и на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy