Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ ШТО Е НАЈДЕНО ПРИ ПРЕТРАГАТА НА МАНАСТИРОТ БАЊСКА: Рашко-призренската епархија соопшти: ЕУЛЕКС и косовската полиција спроведоа истрага
Регион

ЕВЕ ШТО Е НАЈДЕНО ПРИ ПРЕТРАГАТА НА МАНАСТИРОТ БАЊСКА: Рашко-призренската епархија соопшти: ЕУЛЕКС и косовската полиција спроведоа истрага

26/09/2023

AA

Рашко-призренската епархија вчера објави ново соопштение во кое се наведува дека владиката Теодосије го посетил Бањскиот манастир каде игуменот Данило го информирал за случувањата во манастирот и околината.

– Во текот на денот Еулекс и косовската полиција дојдоа во манастирот за да извршат истрага. ЕУЛЕКС и полицијата не пронајдоа ништо што би можело да ги компромитира манастирот и братството во манастирските конаци и црквата, кои се наоѓаат во внатрешноста на ѕидовите на манастирот и кои беа заклучени за време на сите настани – се наведува во соопштението и се додава:

– Но, на две места во манастирскиот двор пронајдено е огнено оружје, панцири и делови од опрема, кои вооружените лица ги фрлиле при повлекување од манастирот. Исто така, во манастирот не наишле на никакви траги од крв и за целото време на инцидентот немало жртви внатре во ѕидините на манастирот. Форензичарите земаа отпечатоци од прсти и ги интервјуираа приврзаниците, кои потоа, во придружба на полицијата и ЕУЛЕКС, отпатуваа до нивните домови преку преминот Јариње.

Игуменот Данило, при претресот на манастирот, на ЕУЛЕКС и на полицијата им ги покажал сите простории на конакот, од каде што можело да се види дека монасите и верниците на никаков начин не учествувале во трагичните настани. Во манастирот полека се нормализира монашкиот живот.

– Ова соопштение Епархијата го објавува главно поради демантирање на разни шпекулации и произволни вести кои се појавуваат и се шират во медиумите.

Владиката Теодосије продолжува да ги повикува сите да ја смират тензијата и да го зачуваат мирот преку одржување контакт со КФОР, ЕУЛЕКС и амбасадорите на Квинте, за заштита на нашите светилишта и верниот народ.

– Нашата црква останува цврсто решена и ангажирана за решавање на сите проблеми на Косово и Метохија преку мирни средства и дијалог, осудувајќи ги сите форми на закани и насилство – се заклучува во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy