Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Предлог – Израел и Хамас да го прекинат огнот на 40 дена
Македонија

Предлог – Израел и Хамас да го прекинат огнот на 40 дена

27/02/2024

AA

Палестинската исламистичка група Хамас доби предлог за привремено примирје со Израел. Документот вклучува прекин на огнот за 40 дена, како и размена на палестински заложници за израелски, пишува Ројтерс.

Новиот предлог вклучува и работи за поправка на болниците и пекарниците во Газа, како и 500 камиони со помош за влегување во Појасот секој ден.

За бегалските кампови ќе бидат обезбедени и шатори и камп приколки.

Размена на заложници

Нацрт-предлогот вклучува и ослободување на 40 израелски заложници, меѓу кои жени, деца помлади од 19 години, возрасни над 50 години и болни. За возврат, израелската армија ќе ослободи околу 400 палестински затвореници и нема повторно да ги апси, изјавија извори за Ројтерс.

Новите разговори за привремено примирје се најсериозни во последните недели.

Во меѓувреме, американскиот претседател Џо Бајден коментираше дека Израел се согласил да не презема воена акција за време на Рамазан во Појасот Газа. Прославата започнува вечерта на 10 март, а завршува вечерта на 9 април.

Првиот привремен прекин на огнот беше во ноември, кога беа ослободени половина од заложниците што групата ги зеде на 7 октомври.

Се уште нема официјална индикација од ниту една страна дали ќе го прифатат примирјето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
Македонија

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони

13/08/2026
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45000
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy