
Предлог – Израел и Хамас да го прекинат огнот на 40 дена
Палестинската исламистичка група Хамас доби предлог за привремено примирје со Израел. Документот вклучува прекин на огнот за 40 дена, како и размена на палестински заложници за израелски, пишува Ројтерс.
Новиот предлог вклучува и работи за поправка на болниците и пекарниците во Газа, како и 500 камиони со помош за влегување во Појасот секој ден.
За бегалските кампови ќе бидат обезбедени и шатори и камп приколки.
Размена на заложници
Нацрт-предлогот вклучува и ослободување на 40 израелски заложници, меѓу кои жени, деца помлади од 19 години, возрасни над 50 години и болни. За возврат, израелската армија ќе ослободи околу 400 палестински затвореници и нема повторно да ги апси, изјавија извори за Ројтерс.
Новите разговори за привремено примирје се најсериозни во последните недели.
Во меѓувреме, американскиот претседател Џо Бајден коментираше дека Израел се согласил да не презема воена акција за време на Рамазан во Појасот Газа. Прославата започнува вечерта на 10 март, а завршува вечерта на 9 април.
Првиот привремен прекин на огнот беше во ноември, кога беа ослободени половина од заложниците што групата ги зеде на 7 октомври.
Се уште нема официјална индикација од ниту една страна дали ќе го прифатат примирјето.

