Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Православната Охридска Архиепископија целосно преминува во МПЦ-ОА
Македонија

Православната Охридска Архиепископија целосно преминува во МПЦ-ОА

28/06/2023

AA

Досегашната Православната Охридска Архиепископија (ПОА) денеска објави дека целосно преминува во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) и оти веќе нема да објавува нови содржини на официјалната интернет страница, иако таа и натаму ќе остане достапна за читателите.

– Православната Охридска Архиепископија, која ја исполни смислата на своето административно постоење како автономна Црква во канонското подрачје на Српската Православна Црква, сведочејќи го единството на Црквата сиве изминати 20 години, повеќето поминати во гонења и понижувања, по давањето на автокефалијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Српската Православна Црква и прифаќањето на сите архиереи на Православната Охридска Архиепископија да бидат под јурисдикција на споменатата Црква, целосно преминува во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и ја прекинува секоја надградба на содржините на официјалната интернет презентација на Православната Охридска Архиепископија.

Бидејќи постои заинтересираност за повеќето од содржините презентирани на оваа интернет страница, до страницата и понатаму ќе биде можен интернет пристап, благодарение на спонзорот кој ќе ги подмирува трошоците кои ги испорачува понудувачот на интернет услугата, но страницата веќе нема да се надградува со нови материјали, се наведува во соопштението од ПОА објавено на веб страницата на македонски, на грчки и на руски јазик.

Синодот на МПЦ-ОА на 20 јуни ја формализираше одлуката за приклучување на ПОА, а нејзините архиереи ги прифати во своја канонска јурисдикција, назначувајќи ги за епархиски управители.

За Крушевско-демирхисарската епархија е назначен митрополитот г. Јован, со титула митрополит Крушевско-демирхисарски, за Дељадровско-илинденската епархија епископот г. Јоаким, со титула епископ Дељадровско-илинденски, а за Делчевско-каменичката епархија епископот г. Марко, со титула епископ Делчевско-каменички. Епископот г. Давид е назначен за викарен епископ на Скопската епархија, со титула епископ Дремвитски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ

25/09/2026
Македонија

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На

25/09/2026
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45794
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го признал делото

25/09/2026

68-годишен жител на радовишко Калаузлија е приведен под сомнение дека подметнал пожар во атарот на селото. А.А. бил лишен од

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ ПОВАЖЕН Ќе нѐ поврзе со

25/09/2026

Поврзаноста можеби не звучи толку политички како другите теми што ги дискутираме, но во нашиот регион таа е практичен тест

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин посочи дека тој е значаен

25/09/2026

Поврзаноста можеби не звучи толку политички како другите теми што ги дискутираме, но во нашиот регион таа е практичен тест

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy