Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пратениците со ЕУ знаме ќе го затворат најголемиот приватен работодавец, вели Стоименов од АПИС
Македонија

Пратениците со ЕУ знаме ќе го затворат најголемиот приватен работодавец, вели Стоименов од АПИС

07/02/2024

AA

И покрај сите апели секторот игри на среќа да не станува дел од предизборните калкулации на партиите, денес започнува пленарната седница на која пратениците ќе се изјаснат дали скандалозните и противуставни законски измени ќе бидат испратени на потпис кај Претседателот на Републиката.

Одговорно тврдиме дека одредбата за дистанцирање на легалните објекти на 500 метри од образовните институции не се ЗА заштита на младината како упорно се тврди. Напротив, станува збор за чист предизборен популизам кој треба да ја задоволи критичката јавност, додека законот содржи низа други одредби кој се наменети да остварат нечии бизнис интереси.

Пратениците кои решиле да ги гласаат овие измени нека си го постават прашањето каква заштита може да обезбеди дистанцата кога државата веќе преку четири друштва организира онлајн игри на среќа со кои младите непосредно се изложени на постојан ризик преку достапноста на интернетот во секаде и во секое време?

Пратениците кои решиле по секоја цена да ги гласаат овие измени нека се потсетат на скандалот „Детонатор“ кога во Источна Македонија беа запленети 1500 нелегално поставени покер апарати. Кој направил погрешна проценка дека затворањето на легалните објекти, кое неминовно ќе предизвика никнување на диви играчници по подруми како во 1990, носи некому гласови на избори? Зарем во такви услови на безредие младината ќе биде повеќе заштитена?

Со гласањето ЗА овие измени пратениците на душа ќе си ги стават судбините на семејствата на 10 илјади вработени во секторот игри на среќа. Илјадници Македонци од економски маки ги напуштаат своите родни огништа и си ја бараат среќата во туѓина. Со гласањето пратениците ќе создадат најмалку 35 илјади нови кандидати за иселеници во западните земји.

Срамно е да се тврди дека пратениците се залагаат за полноправно членство во ЕУ кога со злоупотреба на тоа знаме со антидемократски и антиевропски манипулации се истуркаа законски измени кои ќе го затворат најголемиот приватен работодавец во Македонија.

Ја користиме приликата уште еднаш да најавиме дека немаме намера да молчиме на неправдата која ни се нанесува. Сите надлежни институции треба да бидат свесни дека ќе водиме правни битки, ќе следи иницијатива пред Уставен суд, ќе следат тужби за астрономски отштети кои ќе се прекршат преку грбот на народот.

Како претставници на инвестиции кои доаѓаат од земји членки на ЕУ, општествено одговорни компании кои во континуитет градат партнерски однос со заедницата, го повикуваме Претседателот Стево Пендаровски да опстои на најавата дека нема да го потпише Указот за стапување на сила на овие скандалозни и противуставни измени заради злоупотреба на скратените процедури што ги овозможува ЕУ знамето и опструирање на гласањето на клучен амандман за спасување на вработените.

Апелираме до критичката јавност со особено внимание да ги слуша нашите аргументи. Да не потпаѓаат на предизборните манипулации на одредени политички актери. Затворањето на легалните игри на среќа ќе предизвика далекусежни последици кои потоа многу тешко ќе се санираат.

Интегрална изјава на Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа дадена на денешниот настан заедно со претседателот на АСОМ по повод измените на Законот за игри на среќа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика

02/10/2026
Македонија

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за

02/10/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија

02/10/2026
Македонија

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС

02/10/2026
Македонија

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000

02/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ПОБАРА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА Разговорите би се одржале

02/10/2026
Македонија

КОЦЕВСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОДЛУКАТА ЗА ПРИТВОР НА ДЕКО Е

02/10/2026
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ДОСТАВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА СТРУКТУРНИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ Даваат

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45949
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика низ Македонија

02/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, а во текот на денот сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за влез на скијачките патеки

02/10/2026

На Попова Шапка се поставени нови порти за скенирање на билетите пред жичниците и ски-лифтовите, со што ски-центарот најавува побрз

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија заслужува да биде со најнапредните

02/10/2026

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изразила благодарност за растечкиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy