Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пратениците расправаат за изборот на новите министри – опозицијата вели не им кажале ништо за новите предлози
Македонија

Пратениците расправаат за изборот на новите министри – опозицијата вели не им кажале ништо за новите предлози

23/02/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски на седницата за избор на нови министри во Владата што продолжи вечерва, ја побара довербата од пратениците и од јавноста за формирање постабилна, поуспешна, поефикасна и фокусирана Влада.

-Сакам јасно да констатирам кои ќе бидат идентитетот и карактеристиките на новата Влада -Стабилност! Ефикасност! Успешност! Работа! Чесност! Сојуз за Европа, Европска Македонија, Европска перспектива!, нагласи Ковачевски.

Денес, како што истакна, го зголемуваме парламентарното мнозинство, формираме нова, постабилна и поуспешна Влада и со влезот на Алијанса за Албанците и со избор на нови министри и заменици министри.

-Иако, многу искрено, добронамерно, заради државата, затоа што како држава ни треба обединување, понудив рака за соработка со опозицијата, понудив можност за заедничка работа, за жал, истата беше одбиена.Не само што не помагаат, не само што не нудат алтернативи, туку тие ѝ одмагаат на државата, подвлече Ковачевски.

Денешниот предлог, посочи тој, е реконструкција, реконфигурација на Влада на Република Северна Македонија.

– Не е предлог на партии, не е предлог на етникуми, не е предлог на поединци. Тоа е предлог за целина. Не зборувам и нема да зборувам за дропки, за децимали, за баланси.Бидејќи, на крајот се бројат и мерат, резултатите и успесите. Тоа е најважно, истакна премиерот.

Со формирање на новата Влада, како што додаде, ќе може веќе следната недела да констатираат нов пораст на минималната плата од 20 илјади денари, зголемување на пензиите во март за дополнителни 8,4 проценти, за да ја започнат изградбата на Коридорите 8 и 10-Д, како и за граѓаните да видат дека во 2023 година ќе се инсталираат обновливи извори на енергија од 300 мегавати.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека премиерот не кажал ништо за новите предлози за министри и зошто се тие подобри од претходните.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев коментирајќи ги предлозите за нови министри во Владата истакна дека тројца од нив биле соработници на претходната власт, односно, како што рече, „тие што ги напаѓаат за криминал и корупција“.

– Азир Алиу – предлогот за министер за информатичко општество и администрација во периодот од 2013 до 2017 бил ни повеќе, ни помалку советник на премиерот. Кој беше 2013-2017 премиер знаете?, рече Јанушев.

Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ, пак, потенцира оти очекувала да слушне за назначување на новите министри по некој убав збор и зошто овие кандидати имаат подобри менаџерски перформанси.

– Не слушнавме ништо за разрешувањето на министрите, очекував да слушнеме за назначување на новите по некој убав збор и зошто овие кандидати имаат подобри менаџерски перформанси. Македонија е во слободен пад и ако неспособниве останат на власт ќе тресне и се плашам да не се распарчи и дали ќе можеме да ја составиме, рече Ласовска.

Според пратеничката Ане Лашкоска со Алијанса за Албанците во Владата нема да се промени ништо, само, како што рече, за кратко се продолжува мандатот на Ковачевски.

Пратеничката Лидија Петковска порача Кренар Лога доколку седне на министерското столче најпрво да се зафати со расчистување на делата на сопствениот брат.

– Според некои извори за кои ќе кажам дека се неофицијални Кренар Лога кој по дефиниција треба да се бори за владеење на правото би го советувала ако седне на министерското место веднаш и без одлагање да ги расветли најпрво случаите за сопствениот брат. Имено братот на Кренар Лога е осомничен за најстрашни дела кои не сакам ни да ги изговорам овде бидејќи се навистина страшни. Велам дела не дело што значи ги има повеќе, истакна Петкоска.

Пратеникот Миле Лефков нагласи дека наместо предлози за спроведување програма ова се предлози за, како што кажа, злоупотреба на терминот европски, корупција и богатење на блиските од власта.

Пратеникот Дајанчо Ефтимов упати прашање до премиерот дали Тупанчевски им пречел „бидејќи обелоденил дека само 20 проценти од Националната стратегија за реформи во правосудството за цели пет години се исполнети“.

Претходно, по предлогот за разрешувања доставен од премиерот Ковачевски, Собранието ги констатираше оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, а со зголемено парламентарно мнозинство, Собранието на Република Северна Македонија ги разреши: Беким Сали од функцијата министер за здравство, Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи, од функцијата министер без ресор, задолжен за дијаспора.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
Македонија

СДСМ ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ Бендевска за бојкотот на

30/09/2026
Македонија

НОВИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ 33 СЕДИШТА И КАПАЦИТЕТ ЗА

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45901
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен состав работи неуморно

30/09/2026

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, во гостувањето во емисијата „Колегиум“ на ТВ Алфа зборуваше за

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира Христо Ботев, се работи и

30/09/2026

Реконструкцијата на водоводната мрежа на улица Христо Ботев во Битола започна денеска, како дел од активностите на ЈКП „Водовод“ за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy