
Познато како избил пожарот на мостот „Брегалница“, Град Скопје не знае до кога ќе биде затворен
Данела Арсовска во денешното гостување на ТВ 21 рече дека мостот од Железничка кон Ист Гејт кој го носи името „Беласица“ не треба да биде пуштен во сообраќај додека не биде целосно безбеден.
Имаме несовесни граѓани кои за жал, не размислуваат каква штета можат да преизвикаат и не размислуваат дека можат и луѓе да загинат, рече Арсовска. Во однос на други теми, во тв-гостувањето таа изнесе тврдење дека има функционери кријат имот за да не плаќаат давачки. Арсовска не се кае што се кандидираше за градоначалничката функција
Што се однесува до она кое Градот може да го направи, таа додаде дека најпрвин треба да ги почекаат анализите кои ќе произлезат, да ги видат извештаите кои ЦУК и МВР ќе ги достават до градот и да почннат со постапување.
-Пред да бидеме сигурни дали е или не е нарушена статиката, да се испита дали е безбедно за премин не можеме да дадеме поконкретни информации, рече таа.

