Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЗНАТИОТ ФУДБАЛЕР ВЛОЖУВА ВО КРАФТ ПИВО – иако има богата компанија што вложува во недвижности, ќе инвестира во родната Хрватска
Економија

ПОЗНАТИОТ ФУДБАЛЕР ВЛОЖУВА ВО КРАФТ ПИВО – иако има богата компанија што вложува во недвижности, ќе инвестира во родната Хрватска

26/03/2025

AA

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација и играч на Реал Мадрид, Лука Модриќ одлучил своите пари да ги вложи во занаетчиски производител на пиво.

Според градоначалникот на Бјеловар, Дарије Хребак, Модриќ влегува во партнерство со производителите на едно од најдобрите хрватски занаетчиски пива, бјеловарската пивара Цепелин Крафт, пишува Пословни дневник.

Пиварата е основана во 2017 година, а локални извори наведуваат и дека Модриќ ќе стане сопственик на 50 отсто. За пивото и неговото производство ова е голем медиумски пробив, па бјеловарските власти веќе најавуваат дека тамошната деловна зона Велико Кореново е подготвена за можни проширувања на пиварницата и нови инвестиции. Според последните податоци, оние за 2023 година, пиварницата имала 16 вработени, приходи над 600 илјади евра и бележи континуиран раст.

Самиот Модриќ и неговата сопруга веќе пет години имаат семејна компанија во Мадрид, Modrić Family, со акционерски капитал од 38,6 милиони евра, која се занимава со инвестиции во недвижнини.

Како што пишува Пословни, единствените хрватски фудбалери кои досега направиле инвестициски потфати надвор од бизнисот со недвижнини се Домагој Вида, кој инвестирал во одгледување црни свињи во Славонија, додека многумина инвестирале во угостителството. Друг хрватски фудбалер, Милан Бадељ, се одлучи на сличен потфат на Модриќ, кој инвестираше во акции на загрепската пиварница The Garden Brewery.

Фото: ЕПА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44915
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне во несреќата кај Радишани, во

08/08/2026

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што превезувало пилиња

08/08/2026

Комбе со македонски регистарски таблички се запали утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Лушња, Албанија. Возилото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy