
Познати сите учесници во нокаут фазата, можни неколку спектакли во осминафиналето
Интересно е тоа што меѓу неносителите има неколку фантастични тимови, пред се италијанските Наполи, Интер и Лацио, потоа францускиот првак ПСЖ, па и ПСВ кој има перфектен биланс во домашното првенство оваа сезона. Поради тоа, пред ждрепката в петок во 12 часот, можни се неколку спектакуларни осминафинални двојки, па дури и реприза на финалето од минатата сезона, меѓу Манчестер Сити и Интер.
Во Лигата на шапионите продолжуваат Галатасарај, Брага, Ленс, Бенфика, Феенорд, Милан, Јанг Бојс и Шахтјор, а најзвучното име кое испадна од европските купови е Манчестер Јунајтед.
НОСИТЕЛИ: Баерн, Арсенал, Реал Мадрид, Сосиедад, Атлетико, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Барселона
НЕНОСИТЕЛИ: Копенхаген, ПСВ, Наполи, Интер, Лацио, ПСЖ, Лајпциг, Порто
