Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Познат српски метеоролог најави суперклеточни бури од кои не можеме да се заштитиме
Регион

Познат српски метеоролог најави суперклеточни бури од кои не можеме да се заштитиме

17/07/2023

AA

Српскиoт метеоролог Иван Ристиќ предупредува дека во регионот ќе има суперклеточни бури кои имаат неверојатна сила, а не можеме да се заштитиме од нив. 

Експертите ги споредуваат овие бури со моќта на атомската бомба. Во Врбас пред неколку дена имаше силно невреме. Во Војводина изминатите денови имаше невреме, а градот направи штети. За само неколку минути улиците побелеа.

„Глобално овој топлотен бран ќе трае до 26 јули кога ќе пристигнат облаци, дожд и освежување. Топло ќе биде речиси десет дена. Кога станува збор за овие суперклеточни бури, нив можеме да ги оечкуваме штом малку свеж воздух влезе во Панонската рамнина по топлите денови. Тие се создаваат кога постудениот воздух се спушта подоле, а во меѓувреме таму имало многу топол воздух. Тој почнува да се издига и колку е потопло, толку се поголеми шансите за посилна бура. А, тие облаци кои произлегуваат од тој топол воздух можат да бидат и до 15 километри. Тоа е таа енергија… Не можеме да направиме ништо за тоа, дури ни градобијна заштита не може. Тоа е таа сила на атомска бомба, не можеме ништо да направиме“, вели Ристиќ.

Тој додаде дека влегуваме во вториот пик на топлотниот бран кој се вика Харон. Метеорологот вели дека почна нов пик на топлотниот бран. 

„Тој се вика Харон, претходно беше Луцифер – јадрото, кое го испрати Кербер. Денеска и до среда многу топло и спарно. Температурите ќе се движат од 35 до 40 степени. Добрата вест е што не се очекува да надмине 40. Во среда доаѓа малку посвеж воздух и тоа значи опасност. Тогаш тие суперклеточни бури може повторно да се очекуваат во областа на Војводина. Дождот најверојатно во текот на ноќта ќе стигне и до Белград. Во четврток ќе биде многу посвежо, температурата ќе се искачи до 32 степени“, вели Ристиќ.

Тој додава дека следната недела се очекуваат тропски денови и тропски ноќи, што значи дека температурата и ноќе нема да се спушти под 20 степени. Ниту на Златибор нема да има пониски температури

„Најголеми проблеми ќе има на југот од земјава, ќе има огромна суша и треба да се грижиме и да предупредиме за пожари“, вели за „Пинк“ метеорологот Иван Ристиќ.

Пред три дена, град со големина на орев паѓаше во Врбас. Се појави видео кое покажува дека ветерот бил толку силен, што кученце едвај се спасило да не го однесе, откако се засолнило во дворот. 

Македонскиот метеоролог Славчо Попоски најави дека оваа недела температурите  во Македонија ќе се искачат до 47 степени. Деновиве се соочуваме со пеколно топло време.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Постапка против 46-годишник за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

09/08/2026
Македонија

Политичка војна околу Артан Груби

09/08/2026
Македонија

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од

09/08/2026
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44920
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Постапка против 46-годишник за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

09/08/2026

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе скратена постапка против 46-годишен возач осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и

Политичка војна околу Артан Груби

09/08/2026

Доколку до 22 август 2026 година надлежното обвинителство не поднесе обвинителен акт против Артан Груби, тој по automatзам ќе биде

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од 1 септември

09/08/2026

Македонија се соочува со драматичен демографски пад, предизвикан од намалениот наталитет, брзото стареење на населението и масовното иселување на цели

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy