Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЗНАТ АВТОМОБИЛСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ ПОВЛЕКУВА СКОРО 100 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА! Проблеми се појавиле уште во 2021 година
Економија

ПОЗНАТ АВТОМОБИЛСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ ПОВЛЕКУВА СКОРО 100 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА! Проблеми се појавиле уште во 2021 година

27/12/2023

AA

Познатата компанија за производство на автомобили, Audi е принудена да повлече точно 93.196 електрифицирани автомобили од пазарот поради дефект.

Најинтересно е што потенцијалниот дефект не го оштетува возилото, туку домашната инсталација. Имено, при полнење на батеријата, инсталацијата може да се прегрее, штекерот да се стопи и на крајот да дојде до пожар.

Добрата вест е што засега нема информации за сообраќајни несреќи, но затоа Audi доби 615 пријави од клиенти, што на крајот беше причина за истрагата, пренесува Index.hr.

Од Audi велат дека проблемот не е забележан кај корисниците кои користат бавен полнач на штекер од 110 волти. Прегревање се јавува кога е поврзан со побрз полнач од 220V/240V, попознат како полнач на ниво 2. Во куќите каде што инсталациите не можат да го издржат товарот, може да настанат проблеми поради прекумерно загревање на кабелот. NHTSA (Националната управа за безбедност на сообраќајот на автопатите) известува дека во некои случаи е можно целиот штекер да се стопи.

Проблемот наводно бил откриен уште во 2021 година, а откако било утврдено дека нема грешка кај автомобилите, Audi на сите примери ставил налепница со предупредување за корисниците да ги проверат своите домашни инсталации. Друга опција беше последователно намалување на моќта на полнење до 50 отсто.

Со повлекувањето, сите сопственици ќе добијат нови кабли опремени со сензор за температура, почнувајќи од вториот квартал следната година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy