Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пожарникарот Благој Паунов сведочеше како се одвивала спасувачката акција во „Пулс“: На паркингот имаше многу луѓе, некои паднати, а други заглавени на скалите и пред влезната врата
Македонија

Пожарникарот Благој Паунов сведочеше како се одвивала спасувачката акција во „Пулс“: На паркингот имаше многу луѓе, некои паднати, а други заглавени на скалите и пред влезната врата

05/02/2026

AA

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ пред судот сведочеше пожарникарот Благој Паунов, кој детално опиша како се одвивала спасувачката акција во трагичната ноќ.

Паунов изјави дека дојавата за пожарот ја примил во 2:35 часот, а огнот бил изгаснат околу 4 часот. Заедно со колега пристигнале како прво противпожарно возило само пет минути по дојавата.

– Нашата стандардна процедура е најголем приоритет спасување човечки животи. Mоравме да ги извадиме лицата. И кога дојде и вториот тим и тие извлекуваа прво, зошто не можеа да пуштат линија. Веднаш пристапивме кон извлекување на лицата заглавени на влезната врата. Кога извадивме едно лице моравме да побараме помош од полицијата и двете лица од обезбедувањето и цивилни лица. И така во мешовити тимови почнавме да ги извлекуваме децата. Послабите полесно, а покрупните потешко и секој различно реагираше. Некои беа избезумени, во шок и грч и моравме да ги носиме до паркинг. Други, пак од паника газеа врз нас и други деца за да излезат. Кога го поднамаливме бројот, во тој момент веќе приметив дека пристигна брзата помош како и повеќе цивили и дека почнале да ги носат до болница, изјави сведокот.

Тој нагласи дека приоритетот на пожарникарите е спасување на човечки животи.

-Излегов и побарав помош. Откако ги извлековме сите имаше друга врата, помала во која имаше многу деца заглавени. Кога излеговме веќе приметив дека се пристигнати сите мои колеги и пуштени сите линии и почнато со гасење, изјави сведокот.

Паунов раскажа дека влегол и во билетарата каде затекнал над десет лица без знаци на живот и побарал помош за нив. Потоа пристапил кон извлекување на заглавените лица од помала врата, како и од тоалетите, каде исто така имало луѓе кои не можеле сами да излезат.

„Кога се стабилизира ситуацијата и се пристигнати сите мои колеги, беа пуштени сите линии и започнато гасење“, додаде тој, потенцирајќи ја сложеноста и драматизмот на спасувачката операција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42420
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината е во европеизација, а не

13/04/2026

Поразот на Виктор Орбан на изборите во Унгарија е политичка порака што одекнува и надвор од Будимпешта и претставува директна

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во пешак и го повредил

13/04/2026

Лишен од слобода e возач од Неготинско, кој возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ Засукај ги ракавите и

13/04/2026

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од криминалите на Зоран Заев, да ги засука ракавите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy