
Пожар во куќа во Козле – зафатена и помошна просторија
Ноќеска, околу 1:50 часот, избувна пожар на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле.
Огнот зафатил една куќа и помошна просторија. Очевидци кои се нашле на местото велат дека пламените избувнале зад помошната просторија, која се наоѓа во непосредна близина на куќата.
Надлежните екипи извршуваат увид за да се утврдат причините за пожарот.
