Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 После сонцето и морето: Д-р Анџелка Илиева со препораки за здрава кожа
Македонија

После сонцето и морето: Д-р Анџелка Илиева со препораки за здрава кожа

23/09/2025

AA

Летото остава сериозни последици врз кожата – од пресушување и појава на темни дамки, до забрзано стареење и ризик од кожни заболувања. Д-р Анџелка Илиева, дерматовенеролог од Жан Митрев Клиника, објаснува како да се препознаат и ублажат овие состојби и кои третмани се најефективни за нега по завршувањето на летото. Во интервјуто, д-р Илиева се осврнува и на употребата на хијалуронски филери и колаген-стимулирачки третмани, кои денес се меѓу најбараните методи за подмладување и ревитализација на кожата.

Летото е време кога настануваат најголемите проблеми со кожата кога станува збор за дехидратација и штети од сончевото зрачење. Може ли прво да ни објасните на кој начин сончевите зраци ја оштетуваат кожата?

Д-р Илиева: Фотостареењето, наречено дерматохелиоза, настанува како резултат на хронично фото оштетување на кожата, од повторувачки соларни повреди во текот на годините и преголемо и кумулативно изложување на сончева светлина. Оштетувањето при дерматохелијозата ги опфаќа сите слоеви на кожата, започнувајки од површинскиот (епидермис ), потоа дермис и васкуларниот систем во подлабокиот слој. Основниот фактор кој учествува во процесот на фотостареењето се ултравиолетовите зраци. Се смета дека до 90 отсто од симптомите на предвремено стареење на кожата се предизвикани од УВ радијација. Еден од основните процеси кој води до загуба на волумен и еластичност на кожата е загубата на колаген и еластин, како и намалување на способноста на кожата да ја задржува својата влажност, а како резултат на ова настанува нејзино пресушување, збрчкување, може да има појава на телеангиектази и хиперпигментации познати како темни дамки или старечки флеки. Додека УВА зраците предизвикуваат индиректно уништување на клеточната ДНК преку нејзин оксидативен стрес, а со тоа и предвремено фотостареење, УВБ сончевите зраци предизвикуваат директно оштетување на клетките кои, покрај изгореници, можат да предизвикаат кожен карцином, вклучувајќи и меланом .

Како може да се намалат штетите од сончевото зрачење и да се заштити кожата?

Д-р Илиева: Најдобар начин да се заштити кожата од штетното влијание на УВ зраците е нејзиното изложување на сонце да биде сведено на минимум. Нашата улога во превенција на фотостареењето е важна, но и негата со која ќе ѝ овозможиме хидратација преку нанесување соодветни креми со висок заштитен фактор (SPF) најмалку 30+ или 50+, во зависност од фототипот на кожа. Секако, потребна е и физичка заштита со носење соодветна облека, темни наочари со УВ заштита, шапка и облека во светли бои. Кога наведените мерки не се доволни, потребно е спроведување на медицински козметолошки и ласерски третмани кои ќе ги избришат последиците од фотостареењето.

Честа е појавата на пигментации на кожата за време на летниот период. Како настануваат овие промени и кои методи за заштита ги препорачувате?

Д-р Илиева: Токму пигментациите се едни од последиците од изложувањето на УВ зраците. Настануваат така што пигментот меланин кој нормално се лачи од клетките наречени меланоцити и се наоѓаат во базалниот слој на кожата, под дејство на УВ зраците се стимулираат да лачат повеќе меланин. Тој вишок меланин кожата го складира во вид на пигментации. Најсоодветна заштита е редовната апликација на креми со заштитен фактор и избегнување на изложување на сонце во одредени периоди од денот кога УВ индексот е висок.

Како треба да се третира кожата по завршетокот на летото, на што треба особено да се внимава?

Д-р Илиева: По завршувањето на летниот период, на кожата, освен третмани за отстранување или намалување на пигментации, ѝ требаат и доста третмани за хидратација со цел да ја надополни изгубената влажност. Кај масните кожи потребно е длабинско чистење со цел отстранување на комедоните кои се фаза на акните и кои понатаму може да прогресираат во гнојаници со оставање последици од типот на лузни.

Кои методи и третмани се применуваат во Клиника Жан Митрев за навремена заштита и обнова на кожата?

Д-р Илиева: На одделот за дерматологија при Клиника Жан Митрев ги имаме на располагање сите модерни методи и начини на третирање на гореспоменатите проблеми. Па така, започнувајќи од базични третмани за чистење и хидратација , преку Hydrafacial, безиглени и иглени третмани за мезотерапија и биоревитализација, до ласерски третмани со најсовремени ласерски платформи од типот на Candela Nordlys за отстранување пигментации, лузни, брчки и други неправилности на кожата.

Освен во овој сегмент, како се развива Одделот за дерматологија на Клиника Жан Митрев во однос на естетската дерматологија, дермалните филери и колагенскиот третман на кожата?

Д-р Илиева: На одделот за естетска дерматологија од самиот почеток се стремиме кон тоа да воведеме нешто што е ново на овие простори, а воедно веќе докажано на светски рамки. Хијалуронски филери како такви се работат долго време, но сепак новите технологии на прочистена хијалуронска киселина до максимум ветуваат најголема безбедност за пациентот. Кога станува збор за колаген стимулирачките третмани ова е веќе навистина големо откритие – да се пополнува кожата без притоа да има изглед на отечено и наполнето лице.

За кои регии се применуваат филерите а каде колагенската инјекција?

Д-р Илиева: Хијалуронските филери се сѐ уште водечки препарат за пополнување на несовршености и брчки на лицето, додека колаген стимулаторите се користат буквално на цело тело, секаде каде што има опуштање на кожата и потреба од безоперативно затегнување, односно освен за лице – и за врат, дланки, надлактици, натколеници, абдомен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Хорор во кичевско Другово: Ротвајлери нападнале мајка со две малолетни

25/05/2026
Македонија

Љутков: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен

25/05/2026
Македонија

Гори фабрика во Радовиш!

24/05/2026
Македонија

Уапсени возач и патник од автобус кај Тетово: Пронајдени 34.965

24/05/2026
Македонија

Мицкоски до Обвинителството: Трпението е при крај!

24/05/2026
Македонија

СЛЕДИ СТАБИЛИЗАЦИЈА И ПОТОПЛИ ДЕНОВИ: Еве какво време нè очекува

24/05/2026
Македонија

Македонското МНР ја осуди Русија за новите напади врз Украина

24/05/2026
Македонија

Приведен водич од Косово во автобус: Ставил 50 евра во

24/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43447
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Хорор во кичевско Другово: Ротвајлери нападнале мајка со две малолетни деца!

25/05/2026

Вистинска драма се случувала во петокот (22.05.2026 година) во кичевското село Другово, откако две агресивни кучиња од расата ротвајлер нападнале

Љутков: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со

25/05/2026

Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“, кој вчеравечер се одржа во престижниот амбиент на „Хорти Салустијани“, свечено беше заокружено годинашното

Гори фабрика во Радовиш!

24/05/2026

Голем пожар кој предизвика вознемиреност кај локалното население избувна во текот на вечерашните часови во Радовиш. Пламените јазици и густиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy