
Пожар кај вештачкото езеро Мантово, зафатени над 15 хектари сува трева!
Голем пожар на отворено избувна денес околу 14.00 часот помеѓу месноста 20-км и вештачкото езеро Мантово. Зафатени се околу 15-20 хектари сува трева, грмушки и нискостеблести растенија. Пожарот на еден дел навлезе и во тешко проодна квалитетна мешовита шума. За да се спречи ширење на пожарот во квалитетната шума ангажиран е еден хеликоптер на МВР.
